Роден  во Берлин 1888, починал во Минхен на 17 Август 1965. Студирал на Академијата за Декоративни уметности и на Академијата за Ликовни Уметности и ја имал својата прва изложба со Берлинските сецесионисти во раната 1909. Неговите први слики се претежно импресионистички и прикажувале сцени што тој ги доживеал додека бил воен пилот во Првата Светска Војна, како на пример слики од Балканот и во Месопотамија. Со тек на времето, полека го развива својот експресионистички стил. Неговиот ескресионизам се родил кога тој престанува да се концентрира на прикажување на природата и започнува да се фокусира на приказот силните импресси. Покрај големиот број на маслени слики, Хекендорф работи и со акварели и пастели а исто така работи и со графички техники.

Сликарот поминува низ исклучитено тежок период во време на Нацизмот, кога неговата уметност е лабелирана како “дегенерирана„ .  Помеѓи 1943-1945 е обвинет и осуден за помагање на неговите пријатели Евреи и е исптратен во концентрационите кампови Валдсхут и Матхаусен. После војната, работи како професор на Виенската Ликовна Академија а подоцна во Салзбург и најпосле во Минхен до крајот на својот живот. Повеќе информации за уметникот можат да се најдат на интернет страницата: http://de.wikipedia.org/wiki/Franz_Heckendorf

Франц Хекендорф ја посетува Македонија, поточно Солун во 1916тата година, каде што изработува серија на бакрорези и литографии. Литографијата со наслов „пред Солун“ е во сопстеност на авторот на овој лексикон

Во Солун, бактрорез
Во Солун, бактрорез
Пејзаж крај Солун 1916 литографија
Пејзаж крај Солун 1916 литографија
Franz Heckendorf (1888-1962) Пејзаж пред Солун 1916 литографија
Franz Heckendorf (1888-1962) Пејзаж пред Солун 1916 литографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не