Вилхелм Хемпфинг (1886 – 1948), Германец

Роден  во Берлин на 15.7.1886 во Шонаѕ/Хајделберг, починал на 6.6.1948 во Карлсуе. Вилхелм Хемпфинг е Германски сликар и графичар кој студирал на Ликовната Академија во Карлсруе (заедно со својот колега Емил Нолде) во класата на професор Фридрих Фер. Бил исто така одличен бакрорезец , образован  на Академијата во Карлсруе од Валтер Конц. Патувал често и ги посетил Англија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Хрватска, Македонија, Грција и Германските крајморски области кај Северното и Балтичкото море. Станал познат по илустрациите за книги и неговите импресионистички слики. Најмногу ми се познати неговите импресионистички пејсажи, портрети и многубројните женски голи актови. Станува еден од омилените сликари на Адолф Хитлер и учествува практично на сите изложби помеѓу 1937 и 1944.

Во неговата биографија е напишано дека Вилхелм Хемпфинг ги посетил Далмација, Црна Гора, Албанија , Македонија и Грција. За жал, авторот на оваа книга не успеа да најде по прецизни инфромации за овие посети како ни пример на негово дело од Македонија.

 

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не