Лудвиг Хесхајмер (1872 – 1956), Австриец

Многу познат Австриски пликар и графичар од крајот на 19тиот и почетокот на 20тиот век. Најпрво бил офицер, но потоа започнал да слика. За време на Првата Светкса Војна, бил Автриски воен сликар во Србија, Македонија и Русија. Првата Светска војна му оставила голема импресија. Во овој период Хесхајмер креира препознатлив стил он светли и темни композиции.

После 1918та , живее во Виена и подоцна емигрира во Рио де Жанеиро, Бразил. Во 1952 се организира голема негова изложба во Музејот на Ликовна Уметност во Рио де Жанеиро. Лудвиг Хесхајмер е исто така познат филателист. Ја формирал првата Асоцијација на  Австриски филателистички клубови во 1921, а потоа ја обединил со Кралската Асоцијација на филателисти на Германија.

Лудвиг Хесхајмер бил во Македонија за време на 1916тата, каде што изработува голем број на цртежи и акварели кои  отсликувале воени сцени во Монастир (Битола), селата Бардовци и Магарево, Прилеп, Велес, и многу други сцени. Неговите дела од Македонското патување са објавени во книгата “Миниатури од Монархијата„ од 1917та. Гравура со наслов „Продавачи на бакар“ е во споственост на авторот на овој лексикон.

Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916.
Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916.
Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916
Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916
Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916
Цртежи од книгата “Минијатури од Монархијата“ од 1916
Рачно нацртан постер од изложбата на неговите Балкански дела од 1917
Рачно нацртан постер од изложбата на неговите Балкански дела од 1917
Продавач на бакар, гравура
Продавач на бакар, гравура

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не