Роден во Бурон-Марлот 1880, починал во Париз во 1973. Неговиот татко, Аугуст Жове, бил исто сликар и близок пријател на Винсент ван Гог. Охрабрен од татко му, Пол Жове поминува доста време во детството и младоста цртајќи во Париската ботаничка градина и Природонаучниот Музеј. На 13 годишна возраст  се запишува во Школото за Декоративни Уметности и е примен на престижната Школа на Ликовни Уметности. На 16 годишна возраст, изложува во Салонот на Француски Уметници, каде што неговите цртежи од животни биле приметени од познатиот архитект Рене Бинет. Бинет го ангажира Жове во декорацијата на монументалната порта за Светската Изложба во Парис во 1900тата година. После овој ангажман, Жове се посветува целосно кој животинската уметност. Во 1907, со помош на Друштвото на Француски Ориенталисти патува во Алжир, кој што во та време било Афричка колонијална база на Француските ориенталисти. Туга го затекнува почетокот на Големата Војна, и Жове патува за Грција, истражувајќи го регионот. После војната, Жове патува на далечниот исток, посетувајќи ги Шри Ланка, Виетнам и Камбоџа. Подоцна патува и низ џунглите на Африка.

Неговите уметнички стил го нарекуваат “Арт Деко„. Но Жове исто ги комбинира Францускиот анимализам со ново-здобиениот “ориентален„ речник, добиен од неговите искуства од прва рака. Жове е можеби најпознат по неговите илустрации во книгата “Книга од Џунглата„ на Рајдјард Киплинг, каде што работел заедно со графичарот Ф.Л. Шмед. Бил член на Француската Акаденија на Науки и Уметности од 1945.

Пол Жове пристигнал во Солун во 1915. Работел во фотографскиот отсек на т.н. Армија на Ориентот. Таму работел заедно со другите Француски сликари: Гулден, Лобел-Рише и Бутет де Монвел. Во штабот, се запознава со Принцот Александар од Србија, кој му станува негов пријател, патрон и клиент и го запознава Жове со Европската елита. Патува на полуостровот Атос и ги посетува манастирите. Како главен на Француските сликари во Солун, организира серија на успешни изложби во Атина. Неговите. Неговите Македонски слики се денес многу скапи и барани.

Солун 1916, гваш
Солун 1916, гваш
Македонски биол 1917, гваш
Македонски биол 1917, гваш
Градски сцени од Солун, Македонија 1916, молив и Кинеско мастило
Градски сцени од Солун, Македонија 1916, молив и Кинеско мастило
Градски сцени од Солун, Македонија 1916, молив и Кинеско мастило
Градски сцени од Солун, Македонија 1916, молив и Кинеско мастило
Македонски биол 1917, гваш
Македонски биол 1917, гваш
Српски војници 1916, цртеж со молив и Кинеско мастило
Српски војници 1916, цртеж со молив и Кинеско мастило
Српски војник пред гроб, Монастир (Битола) 1916, акварел и молив
Српски војник пред гроб, Монастир (Битола) 1916, акварел и молив
Куќа во Солун 1916, цртеж
Куќа во Солун 1916, цртеж

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не