Сликар на пејсажи и фигуративни композиции. Роден е на 17-02-1883 во Ливерпул. Студирал на колеџот Свети Џон во Оксфорд. Работел во канцеларијата на неговиот татко помеѓу 1904-7 и истовремено вечерно студира на Ликовното Училиште Ламберт  под водство на Филип Конард. Подоцна студира на познатото училиште Слејд 1908-9. Служи во Британската армија со чин Мајор во Кралската Пешадиска Артиљерија  во периодот 1914-198 за време на Големата Војна и е носител на медали за храброст. Ја нацртал познатата слика “Кралската Пешадиска Артиљерија во Македонија 1918„. По нарачка на Кралскиот Воен Музеј од Лондон. Член на Ново-Англискиот Ликовен Клуб (Н.Е.А.Ц.) каде што изложува во 1919. Во овој период живее во своето студио во Челзи. Пријател е на познатите експресионисти Виндам Трајан и Макс Ернст. Се удомува во Беркшир помеѓу 1920-26. Живее во Париз и разни други места во Франција и Шпанија помеѓу 1926-53, за да се врати назад во Англија во 1953. Пред крајот на животот, се сели во Португалија каде што и починува во 1973 во Каиксас.

Најпознатата слика на Дарси Џап од неговиот Македонски период е “Кралската Пешадиска Артиљерија во Македонија, Пролет 1918„ која денес се наоѓа во уметничката колекција на Империјалниот Воен Музеј во Лондон.

 

Кралската Пешадиска Артиљерија во Македонија, пролет 1918, масло на платно
Кралската Пешадиска Артиљерија во Македонија, пролет 1918, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не