Лудвиг Хајнрих Јунгникел (1881 – 1965), Австриец

Роден на 22-07-1881 во Вунсидел, починал на 14-02-1965 во Виена. Јунгникел е најпознатиот Австриски сликар на животни. Најпрво студиран н Минхенската Школа Ликовна и Занаетчиска школа. Во 1898 по подолг престој во Италија, се враќа во Виена каде што студира кај Кристијан Грипенкерл на Акаделијата за Ликовни Уметности а подоцна и на Школата за Применета Уметност заедно со Алфред Ролер. Бил студент на Аугуст Ајсенменген и Кристиан Грипенкерл, а исто така и учи бакрорез кај Вилијам Унгер. Од Виена, оди во Минхен каде што работи со Карл фон Мар. Во 1907 се враќа назад во Виена. Во познатата фирна  Wienner Werkstätte, Јунгникел станува најпознат дизајнер на текстил, тапети и поштенски картички. Заедно со Густав Климт работеле на интериерот на палатата Стоклет во Брисел. Во 1911, Јунгникел станува професор на Применето-Ликовнaтa школa во Франкфурт на Мајна. Преку Егон Шиле и Оскар Кокошка се запознава и го прифаќа како свој стил Австрискиот експресионизам. Помеѓи 1938 до 1952 Јунгникел живее во волонерски егзил во Хрватска. Добитник е на голем број награди. Во 1936 и 1950 изложува на Венециското биенале. Во 1952 е организирана голема колективна изложба на неговите дела во Албертина во Виена. Лудвиг Хајнрих Јунгникел го посетува Скопје околу 1910-20, мајверојатно во улока на воен сликар. Неговиот акварел “Прослава во Ушкуб„ е продадена од аукциската куќа Dorotheum  од Виена, Австрија на 20.05.2008 (објект број 24,)

Прослава во Ушкуб, акварел
Прослава во Ушкуб, акварел
Мост преку вардар, акварел
Мост преку вардар, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не