Феликс Филип Каниц (1829 – 1904), Австриец

Роден на 02/08.1829 во Будимпешта починал на 08.01.194 во Виена. Феликс Филип Каниц бил Австро-Унгарски сликар, натуралист, географ, етнограф, археолог, и патописец. Каниц е роден во Буминпешта во богата Еврејска фамилија. Се запишува на Уметнички одсек на Универзитетот на Виена во 1846, на 17 годишна возраст. Патува темелно после 1850тата година, посетувајќи ги Германија, Франција, Белгија и Италија. Се вдомува во Виена во 1856.  Патува до Далмација и Балканот во 1858, со што започнала неговата темелна истражувачка работа за Јужните Словени. Освен Далмација, ги посетува и Херцеговина, Босна, Црна Гора, Србија, Бугарија и Македонија. Работи на оваа тема се до 1899та. Знаењето кое тој го собира е особено значајно за овој период. Каниц бил исто многу добар цртач и графичар и е автор на голем број црно-бели цртежи поврзани со  животот на Балканот.  Роден Евреин, се преобразува кон христијанство. Помеѓу 1870 и 1874 бил основоположник на Антрополошкиот музеј во Виена.

Каниц се смета како еден од првите темелни етнолози на Јужните Словени. Како таков, се здопбива со голема почит, особено во денешна Србија и Бугарија. Едно село во општина Видин во северозападна Бугарија , како и улица во Софија го носат неговото име.   Едно особено значајно дело за Македонија е неговата илустрирана книга “Патувања во Јужна Србија и Севeрна Бугарија„ издадено во Виена во 1868 година.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не