Роден во Минхенбушее, Швајцарија во 1879. Студирал на Минхенската Ликовна Академија (1898-1901) и подоцна се поврзува со ликовната група “Плав Јавач„. Клее живеел во Германија за време на Првата Светска Војна и е мобилизиран во Германската Армија во 1916. Не е пратен на фронтот, туку времето го поминува во сликање авиони. Неговите воени мемоари се напишани во неговата книга “Дневници: 1898-1918„. Кле бил учител на Државната Школа во Вејмар и Десау. Бил исклучително анти-догматски и стимулативен учител и ликовен писател . Најпознатата негова кнуга од овој период е “Педагошка цртанка„ (1925). Со подемот на Адолф Хитлер во Германија, Кле се враќа во Швајцарија. Голем број на негови дела се конфистувани од страна на Нацистите како “дегенерирани„. Подемот на фашизмот во Европа го погодува Кле длабоко и тој почнува да страда од акутна депресија. Во 1935 развива склеродерма и умира во 1940. Пол Кле ја посетива Македонија, поточно Солун во 1915. Таму го црта познатиот акварел “Слетување во Солун 1915“, кој е денес во колекцијата на музејот Албертина во Виена, Австрија.
Таен код сокриен во македонскиот вез?
Геометријата, боите и естетиката на народниот македонски вез ги маѓепсале сите странски сликари кои ја посетиле Македонија или пак се бореле во своите армии на