Роден во Хајгејт (Лондон), Англија на 12.05.1812 (како 20то од 21 деца), починал во Санремо, Италија на 29.01.1885. Едвар Лир бил Англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Татко му бил неуспешен трговец на берзата, а мајка му се откажала од него , така да Лир е пораснат од сестра му Ана. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како уметник на Британскиот Музеј. Во 1832 е вработен од благородникот Ерл од Дерби, за изработка на цртежи во боја на ретки птици и животни во неговата фарма на Ноусли Хол. Благородникот му овозможива на Едвард Лир да патува. Лир почнува да патува и да објавува патописни книги од своите патувања во Италија (1846), Албанија и Илирија (1851), Калабрија (1852) и Корзика (1870). Ја посетува исто така Светата Земја и Грција. Во 1845тата, станува личен учител по цртање на нејзиното Величество Кралицата Викторија од Англија.

Лир е најмногу запамтен оп неговата нон-сенс поезија. Првото нон-сенсе дело го напишал за внучињата на својот патрон во 1846тата и е едноставно насловена “Книга на Нон-Сенсот„,. Неговата поезија се карактеризира со леснотија на апсурдна фантазија, но и уникатна инвентивност. Во неговата нон-сенс поезија се приметуваат ноти на тага. Во неговиот пишан збор се провлекува меланхолијата како одраз на неговиот живот. И покрај поддршката од пријателите, како на пример сопругата на Тенисон, Амилија, Лир пател од чести депресии и осаменост. По неговата смрт, неговата поезија и ликовна дејност доживуваат голема слава. Денес неговите акварели и цртежи од многубројните патувања достигнуваат рекордни аукциски цени.

Едвард Лир ја посетува Македонија во есента 1848мата година. Тој всужност патувал низ Грција кон Константинопол, но неговата турнеја доживеала неочекуван завој кон дивите територии длабоко во Окоманската империја. Преку Егејска Македонија, Охрид, Преспа, Битола, Дебар, навлегува длабоко во Албанија. Неговата Македонска одисеја е опишана во книгата “Едвард Лир во Албанија – Журнал на сликар на пејсажи на Балканот„ од 1851 година. Детална листа на сите негови Македонски цртежи, скици и акварели се наоѓа во библиотеката на Универзитетот Харвард, во Кембриџ, Масачусец, САД. Цртеќ со наслов „Скеч на летниот глам – Езеро Охрид Македонија“ е во колекцијата на авторот од овој лексикон и е документиран во книгата Едвард Леар 1812-1888 издадена од Кралската Академија во Лондон во 1985та.

Охрид Македонија 1848, мастило
Охрид Македонија 1848, мастило
Ресен, Македонија
Ресен, Македонија
Охрид Македонија 1848, мастило
Охрид Македонија 1848, мастило
Охрид Македонија 1848
Охрид Македонија 1848
Воден
Воден
Охрид Македонија 1848
Охрид Македонија 1848

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не