Француски фотограф кој работел за проектот „Архиви на планетата“ (француски: Les Archives de la Planète) на францускиот милионер и филантроп Алберт Кан (1860-1940) од 1909 година па натаму. Заедно со еден друг француски фотограф, Жан Брин, ја посетиле Македонија за време на Балканските војни во периодот 1912- 1913 година, каде што направиле серија автохроми (една од првите технологии на фотографии во во боја), кои денес се во колекцијата на музејот Алберт Кан, а подоцна се објавени во публикацијата: Македонија во 1913 година –Автохроми од колекцијата на Музејот Алберт Кан / (Организатори: Министерство за Култура на Република Македонија, Музеј на град Скопје, Музеј Алберт Кан, Француски културен центар од Скопје, Институт за заштита на споменици на културата и Национален музеј Охрид, Институт за заштита на споменици на културата. Музеј и галерија Битола, француски Алијанса од Битола)
Константин Миладинов?
Мистеријата на старата фотографија од Охрид
Во процесот на барање на „македонска уметност“, во јуни 2015та година стапив во контакт со дилер на стари фотографии од Романија, госпоѓата Маргарит Сорин од