Роден во Крефелд на 27.01.1891, починал во Хеменхофен на Бодензе на 08.09.1936. Бил роднина на познатиот сликар Аугуст Маке. Студирал сликарство со Холандскиот сликар Јан Торн-Прикер (1868-1932) на Крефелдската Школа за Применета Уметност. Во 1910/11 стапува во контакт со влијателната Германска прогресивна ликовна група “Плавиот Јавач„ а во 1912та година стапува во контакт со уште една значајна сликарска група наречена “Мост„.

Хелмут Маке ја посетува Македонија во периодот 1915-1919 каде што изработува серија на извонредни експресионистички акварели на пејсажи од Дојранското езеро и Дојранскиот фронт.

По завршивање на војната, живее во Крефелд и Бон. Во 1929та ја добива престижната Награда на Рим, и во овој период работи со Карл Ротлуф-Шмид (1884-1976) и Хенрик Кампендонк (1889-1957). Неговите слики се наоѓаат во Уметничкиот Музеј на Крефелд,  Градскиот Музеј на Хановер, Музејот на Лајпциг и Ликовниот Музеј на Ахлен .

Неколку примери на Македонски акварели од Дојранскиот регион се на пример: “Пејсаж во Македонија 1918„, продаден од аукциската куќа  Geble, Radolfzell во Германија на 14.06.2008 (објект број 600) за 1800 евра; “Пејсаж во Македонија 1918„ потпишан и насловен “Дојран Јуни 1918„ продаден од аукциската куќа  Peter Krabstein  од Дизелдорф, Гeрманија на 02.03.2003 (објект број 297), таксирана на 5000 евра; i “Македонскс крајбрежен пејсаж на Дојранско Езеро 1918„  продадена од аукциската куќа  Villa Griesebach во Берлин на 27.11.1993 (објект број 186) за 6906 евра.

Helmuth Macke (1891 – 1936) Македонски пејсаж крај Дојранското езеро 1918, акварел
Helmuth Macke (1891 – 1936) Македонски пејсаж крај Дојранското езеро 1918, акварел
Македонски пејсаж крај Дојранскиот брег 1918, акварел
Македонски пејсаж крај Дојранскиот брег 1918, акварел
Војници во ров, Дојрански фронт 1916, акварел
Војници во ров, Дојрански фронт 1916, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не