Роден и пораснат во Константинопол. Студирал на Грчкиот Православен Колеџ Фанар. Заминува за Париз во 1901 да студира иницијално архитектура. Во Париз одлучува да студира уметност, се до 1908та, под водство на Хенри Мартин. Во 1913 се враќа во Грција, најпрво во Солун а потоа во Атина. Во 1917 станува член на авантгардната ликовна група “Омада Технис“ која импортирала современи ликовни движења во Грција. Патувал темелно низ Грција, Западна Европа, Палестина и Египет. Освен со сликарство, бил исто така  вмешан во јавни дебати за модернизирање на Грчкиот јазик. Го илустрирал првиот абецедар на модерниот Грчки јазик Демотики и пишивал ликовни статии и критики во голем број Грчки магазини. Бил награден од Грчката влада со највисоко признание за писменост и уметност. Починал во Атина во 1928та.

Константинос Малес живеел во Македонија , поточно во Солун помеѓу 1913та и 1917та година каде што насликува голем број Македонски пејсажи. Еден пример од тој период е маслото на платно насловено “Пејсаж во Северна Грција, најверојатно Халкедики 1914“, продадена од аукциската куќа  Bonhams во Лондон на 10.11.2008 (обј. број 31) за 240 000 Британски фунти.

 

Песаж во Северна Грција, најверојатно Халкедики 1914, масло на платно
Песаж во Северна Грција, најверојатно Халкедики 1914, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не