Роден во Ужице, Србија во 1882, починал во Белград (убиен од партизаните) во 1944. Еден е од најпроминентните Српски сликари. Студирал на Техничкиот Универзитет во Белград во 1905 а подоцна и на Ликовната Академија во Минхен до 1909та. Го продолжува образованието во Париз помеѓу 1909-1912. Бил воен сликар во периодот 1912-1918. Во таа улога и ја посетил Македонија , каде што е ранет во битката за Куманово. Добил војно унапредување во поручник. По Балканските војни бил учител по ликовно образование на Техничкиот Универзитет во Белград. Како член на Демократската партија и силен адвокат за демократија, бил затворен во затворот Бањица. Лабелиран како “Народен предавник„ е стрелан од комунистите во 1944та. До ден денес не му е најден гробот.

Поповиќ бил во Макдонија за време на Балканските војни и во 1930тите години. Едно негово Македонско дело е манастирот Ст. Наум, масло на платно од 1931ва година.

 

Манастир Св. Наум Охрид, 1931, масло на платно
Манастир Св. Наум Охрид, 1931, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не