Гроф Виторио Амадео Презиоси (1816-1882), Малтежанец

Роден во Валета, Малта на 02.12.1816 во фамилија на богат Европски аристократ, потомок на Сицилијанските кралеви. Иако бил образован во правни науки и цртање, се решава да ја следи својата пасија кон сликањето и ја напушта правничката кариера. Најпрво добива образование од Џузепе Хајзлер а потоа студирал и на Ликовната Академија во Париз. Тоа било време кога Европските сликари вјасале кон Истанбул – Портата  на Истокот, и под тоа влијание во 1848та година Презиоси се упатува преку Италија кон Истанбул. И покрај татковите напори да “го вразуми “ Презиоси одбива да се врати на Малта и да работи  “чесна„ професија како другите членови на фамилијата кои биле доктори, правници и трговци. Останува лојален на неговите пасии: Истанбул и сликарството. Мајчиниот јазик му бил Италиански, но зборува течно и Француски, Грчки, Англиски и Турски. Во Истанбул се оженил за гркинка со која имал 4 деца. Живеел во Истанбул, каде што бил дворски сликар на Султанот Абдул Хамид Втори. Во 1882, на 65 годишна возраст случајно ја испуштил својата ловечка пушка при што се здобива со смртна рана. Сликите на Презиоси биле прикажани на изложби во Париз и Лондон во 1858, 1863 и 1867.

Презиоси го посетил Македонскиот регион околу 1850та година, каде што изработува акварели и цртежи од Албанци, Грци и Бугари во нивните народни носии. Некои од овие цртежи се продадени од аукциската куќа  Bonhams од Лондон на 10.05.2005

 

Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.
Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.
Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.
Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не