Роден и починат во Загреб, Свечњак се смета за еден од најважните Хрватски уметници. Се запишал на Ликовната Академија во 1927 на отсек вајарство под водство на Иван Мештровиќ. Рудолф Владец и Иво Кердиќ. Во овој период го прифаќа Марксизмот како идеологија и станува активен член на Комунистичката партија. Оваа политичка активност го доведува во конфликт со властите и е повеќекратно уапсен. Во 1929 оди на Сликарскиот отсек кај професорите Владимир Бециќ, Томислав Кризман и други. До 1933та ги продолжува своите левичарски активности.. Во 1933 оди на студиско патување во Париз каде што станува близок пријател на Мирослав Крлежа. За време на Втората Светска Војна, бил партизан и се криел од нацистите. Во 1943 е осуден на смрт од нацистите и се крие во Италија. После војната, станува проминентен Југословенски сликар со голем број меѓународни изложби.

Свечњак ја посетил Македонија по ослободувањето, некаде околу 1948ма година кога ги насликал  маслата на платно “Скопје„ и “Самоилова Тврдина во Охрид„ кои се денес во уметничката колекција на Штросмајеровата Галеријата на Стари Мајстори во Загреб.

Вилим Свечњак (1906-1993) Циганско маало во Скопје 1948, масло на платно.
Вилим Свечњак (1906-1993) Циганско маало во Скопје 1948, масло на платно.
Мотив од Македонија 1950, масло на платно
Мотив од Македонија 1950, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не