Роден во Париз на 20.01.1893, починал во Рен во 1940. Внук е на познатиот Француски скулптор Жан Мари Валентин (1823-1896) и син на професорот по цртање и вајарство Алфред Валентин (1862-1928). Етјен Валентин бил Француски војник и сликар. Регрутиран е во Француската армија во Ноември 1913, во 32риот Артилериски реџимент во Фонтаинблу. Со почеток на Првата Светска Војна, се бори на Францускиот фронт помеѓу 1914-1917, потоа во Македонија во 1918 и во Унгарија 1919. За времето на неговиот воен рок, креирал голем број на цртежи со молив претставувајќи ги луѓето и местата зафатени со виорот на војната. Овие цртежи се извонреден докимент за воените времиња. Во Македонија претстојувал во Битола, Солун, Македонски Брод и селото Мегленци на север од Битола каде што Француската артилерија ги напаѓала Италианските ровови. Умира од последиците на туберкулоза која ја добил за време на служењето на војниот рок. За неговата необична животна приказна Македонското научно друштво Битола и АЛДА-Скопје го снимија документарниот филм „Уметникот од Фронтот – Валентин“
Дегенерираните
Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и