Роден на 12.06.1892 во Амели-Беинс. Живеел и работел во Париз. Студент на Кормон. Во 1936 се сели во Грција. Подоцна во својата кариера бил признат илустратор на книги (ги илустрирал книгите на Балзак, Виктор Иго, итн.) и директор на издавачката куќа Éditions Grasset . Неговите слики се наоѓаат во Музејот на Модерна Уметност во Париз и во Гратската Колекција на Париз.

Салват бил војник во Француската армија во Македонија во Првата Светска Војна. Едно дело од тој период е парот акварели „Прилеп 1918“ продадени од аукциската куќа Jack-Phillipe Ruellan од Франција на  31.3.201 ( објект број 44). Неговата слика “Заливот во Солун 1935„ масло на панел, е продадена од аукциската куќа Pillon Callais од Франција на 07.02.2000 (објект број 259).

Заливот во Солун 1935, масло на панел
Заливот во Солун 1935, масло на панел
Прилеп 1918, акварели
Прилеп 1918, акварели

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не