Роден на 19.01.1892 во Вунсидел, починал на 20.02.1945 во Ватерсдорф. Во 1908ма се сели во Минхен каде што го посетува Ликовното штоло а подоцна се запишува на Ликовната Академија. Го продолжува своето ликовно образование на Академијата на Ликовни Уметности во Берлин каде што го усвојува пост-импресионистичкиот стил. Најчесто цртал пејсажи. За време на Првата Светска Војна бил воен сликар и илустратор на Германски воени весници.

Сатлер ја посетува Македонија заедно со Германските трупи во 1917та година, каде што ги следел Германските и Бугарските трупи во нивните битки крај Велес, Прилеп и Вардарската долина. Едно типично дело на Сатлер од овој период е акварелната илустрација “ Српски фронт – Бугарските трупи го ослободуваат  Велес„ кое што е во приватната колекција на авторот на оваа книга.

Српски фронт – Бугарските трупи го ослободуваат Велес, акварел
Српски фронт – Бугарските трупи го ослободуваат Велес, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не