Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам.
Вајтс ја посетил Македонија во 1950-ти години, каде што го насликал акварелот Охрид, манастир Св. Наум, кој е во колекцијата на авторот на овој лексикон.
Приказни
Браќа со оружје
Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод