Фредрик Мариус ду Бјузон ( 1879 – 1958), Французин/Алжирец

Роден на 18 Септември 1879 во Ла Рок (Бајон сур Жиронде) , починал во  Алжир  на 26ти Ноември 1958. Француски сликар со Алжирско и Шпанско потекло (потомок на славниот сликар Франциско де Гоја). Студира на Ликовната Школа во Бордо, како и на Националната Ликовна Школа во Париз.  Студент на Фенанд Корман, Алберн Мањан, Сузан Валадон и Морис Денис. Добитник на првата ликовна награда во 1910 (Lefevre Glaice Maguellone награда) и во 1911 (Наградата од Салонот на Француски Сликари).

Мариус де Бјузон ја посетува Македонија во 1914, како мобилизиран Француски војник на поќетокот на Првата Светска Војна. На Македонскиот фронт продуцира серија на цртежи и акварели. Подоцна заминува за Алжир (Кабилиа). До крајот на свотаја кариера останува маѓепсан од Алжирскиот пејсаж и егзотични сцени. Познат е како еден од творците на таканаречената Алжирска Школа, а подоцна работи и како професор на Ликовната Академија во Алжир во 1930тите години. Добитни е на голем број ликовни награди. Повекје информации за овој уметни можат да се најдат на: http://fr.wikipedia.org/wiki/Marius_de_Buzon.

Еден пример од неговите Македонски слики е малсото на панел насловено „ Пејсаж од Македонија“ продадено од аукциската куќа Маисон Р&Ц ор Марсеј, Франција на 20ти Март 2018 (објект број 62)

Пејсаж од Македонија 1923
Пејсаж од Македонија 1923

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не