Роден на 1ви Јуни 1886 во Славонски Брод, починал на 24ти Мај 1954 во Загреб. Бечиќ е познат како еден он најдобрите Хрватски сликари од т.н. Минхенска школа. Студирал ликовна уметност во Минхен во 1905 и Париз (Academie de la Grande Chaumiere). Во 1923 станува професор по ликовна уметност на ликовната академија во Загреб.

За време на Големата Војна, Бечиќ е воен сликар за Францускиот магазин “L’Illustration”.  Живеел во Битола од 1913тата каде што работал како учител по сликарство. Подоцна, се приклучува во Српската војска во 1914та година, и со неа се повлекува низ Албанија кон Крф во 1915. Од Крф, оди во Париз и набрзо се враќа во Македонскиот фронт, каде што работи како воен дописник и илустратор. Илустрира воени сцени од Солун, Кајмакчалан, Скопје, етн.

Воена Сцена, масло/платно.
Воена Сцена, масло/платно.
Типови на Српски војници, цртеж за l’Illustration
Типови на Српски војници, цртеж за l’Illustration

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не