Британски дипломат, фотограф и илустратор. Служел како Британски конзул во Битола (Монастир) од 1860тата па се до затворањето на Британскиот конзулат во 1872та година. Пред Македонија, бил Британски дипломат во Дамаск и Бејрут во 1850, а потоа се сели во Солун во 1856 за на крај да дојде во Битола.

Чарлс Калверт продуцира ислучително редок албум на уметнички фотографии и цртежи со етнички сцени од Битолскиот регион, вклучувајќи фотографии од Калверт и неговото семејство, конзулатот во Битола. Битолски гратски сцени, сцени од луѓе во народни носии, итн. Овој исклучително редок албум е продаден од страна на аукциската куќа  Bloomsbury Auctions на 1тѕи Ноември 2005та година ( објект број 11Е, цена 450 Британски фунти).

Сцени од Битола, албум со фотографии и цртежи 1865
Сцени од Битола, албум со фотографии и цртежи 1865

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не