Христифор Црниловиќ (1886 – 1963), Србин

Српски сликар, етнограф, фотограф и војник, роден во Власотинце, јужна Србија во 1886.  Се заинтересирува во традиционалната култура од рана младост. Талентиран е за сликарство и е образован во сликарската школа на познатиот Риста Вукановиќ во Белград, а подоцна и на Ликовната Академија во Минхен.

Неговиот прв син Александар загинал во Српсктата војска во Првата Светска војна во 1915, неговиот втор син Урош, загинал 1941та година бранејќи го Крагуевац. Самиот Црниловиќ бил војник во Првата и Втората Балканска војна , како и во Првата и Втората Светска војна. За време на Големата војна бил поручник во Српската војска и учествувал во битките на Цер и Колубара, како и повлекувањето на Српската војска преку Албанија кон Крф.

После Првата светска војна, Црниловиќ живее во Скопје од 1918та до 1941ва година каде што работи како професор по сликарство во Скопската гимназија. Црниловиќ има големо влијание на првата генерација на Македонски сликари. Во исто време започнува со собирање на етнолошки артифакти од регионит на јужна Србија, Македонија и Косово. Имал неколку изложби во Париз во 1920тите години. Неговите слики можат да се најдат во неколку музеи во Србија, на пример во “Резиденцијата на Манак„ во Белград.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не