Иван Иванов (Иванич)(1879 – 1966), Бугарин

Роден во 1879 во Видин , починал во 1966 во Софија. Студирал на Националното Ликовно Училиште во Софија, кај Проф. Иван Мрквичка, а потоа оди во Букурешт каде студира на Букурештката Ликовна Академија кај проф. Костанда и проф. Гропјано. Работи како воен сликар за време на Балканската и Двете Светски војни, и во таа функција патува низ Македонија во тие периоди. Во 1919 еден е од основачите на Бугарското Друштво на Независни Сликари. Во 1943 го посетува Охрид каде што ја прави сликата “Самоиловата Тврдина 1942“ која денес е во колекцијата на Бугарската Народна Банка. После 1944тата година, ставен е на т.н. “Црна Листа“ на сликари од страна на комунистите. Неговите дела се отстранети од сите јавни места.  Во 2002, е откриена колекција од 18 непознати акватели нацртани во Македонија за време на Првата Светска Војна. Во лудилото на Големата Војна, Иванов црта интимни и тивки Македонски сцени од Охрид, Скопје, Македонските манастири, куќи, пазари и луѓе. Дел од овие дела се продадени од аукциската куќа Викторија од Софија.

Стара Улица во Македонија 1915, акварел
Стара Улица во Македонија 1915, акварел
Кратово 1915, масло на платно
Кратово 1915, масло на платно
Охрид Самоилова Крепост 1942, масло на платно
Охрид Самоилова Крепост 1942, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не