Роден  на 11.01.1892 во Казанлук, починал на 01.06.ѝ7ѝ во Софија. До 1914та студирал сликарство на Уметничкото индустриско школо во Софија во класата на Проф. Иван Мрквичка и Цено Тодоров а потоа на Ликовната Академија во Париз кај Проф. Фернан Кормон. Од 1924та е предавач а потоа од 1929 и редовен професор по сликарство на Ликовната академија во Софија. Од 1911та година па натаму изложува во Софија, Прага, Виена, Рим и Берлин. Помеѓу 1963 и 1967 ја држи катедрата на Високиот Институт во Велико Трново. Кожухаров се смета за еден од најдобрите Бугарски симболисти. Познат е по неговите ликовни дела од војни и историски сцени, а исто така е познат по неговите портрети на славни личности оф Бугарскиот социјане живот. Ги декорирал театрите во Стара Загора и Софија.

Кожухаров ј апосетува Македонија за времето на Втората Светска Војна, каде што изработува најмалку една слика , со наслов „Момиче од Охрид 1941“ која е продадена од страна на аукциската куќа Викторија од Софија на 11.11.2011 ( објект број 7)

Момиче од Охрид 1941, масло на платно
Момиче од Охрид 1941, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не