Роден во Атина во 1884, починал во 1972. Студирал на Школото за Ликовни уметности на Никефорос Литрас, К. Воланакис и Г. Роилос. Сликар бил на пејсажи и морски сцени со силна склоност да го долови светлото и атмосферата на селскиот живот во импресионистички стил. Значаен дел од неговото творештво се скоро 200 акварели и цртежи кои тој ги направил во Македонија и Епир во 1912 и 1913 година. Неговите дела се наоѓаат во Националната Галерија во Атина, галеријата Авероф, Музејот Бенаки, колекцијата Левентис, колекцијата Кациграс, Банката на Грција, Министерството за Образование и Религија и Националниот Поморски Музеј во Париз.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не