Роден во Хамбург на 22.11.1878, починал на 18.06.1960 во Фунчал ,Португалија. Земал часови по сликање на Ликовната Академија во Берлин и Хамбург. Подоцна работел во Париското студио на проф. Ото Лудвиг Синдинг (1842-1909) и исто бил студент на Норвешкиот сликар Јохан Фредрик Екерсберг (1822-1870). Ја декорирал Дрезденската Банка и Берлинското Градско Собрание. Подоцна работи како професор на Ликовното Школо во Алтона.

За време на Големата Војна Макс Ромер бил војник во Германската пешадиска армија на Западниот Фронт во Франција, Романскиот фронт (1917) и на Солунскиот фронт во Македонија (1918). На  Солунскиот фронт е унапреден во полковник и е добитник на голем број воени одликувања (Железен Крст од Втора класа, Орден за рана, итн.) Во 1958 година неговата рововска уметничка колекција вклучувајќи ги и Македонските дела била изложена во Акедемијата за Ликовни и Музички Уметности во Фунчал. По војната се сели во Португалското острово Мадера каде што станува еден од најпознатите сликари на ова острово.

Колекција на 26 Македонски и романски цртежи од Првата Светска Војна 1917/18  се продадени ок аукциската куќа Фон Зенген  од Бон, Германија на 14.06.2013 (објект број 1626) на авторот од овој лексикон.

Цртежи со молив од Македонија – Скопје, Струница, Валандово и Солун, 1918

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не