Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам.
Вајтс ја посетил Македонија во 1950-ти години, каде што го насликал акварелот Охрид, манастир Св. Наум, кој е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Охрид, црква Свети Наум 1958, акварел
Охрид, црква Свети Наум 1958, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не