Роден во Берлин во 1869, починал во Берлин околу 1930, Арнолд Лушвиц –Корефски бил Германско-Полски сликар и илустратор кој патувал по Балканот и Ориентот на самиот почеток на 20тиот век. Најверојатно бил воен сликар за време на Првата Светска Војна, бидејќи изработил голем број на акварели и цртежи на Германски војници и офицери. Ја посетува Македонија еднаш околу 1903тата година каде го изработува портретот на Албанскиот комита од Солун (во колекцијата на авторот на овој лексикон), во периодот на Балканските Војни околу 1912 и за време на Големата војна каде што изработува градски сцени од Скопје и портрети од Германски војници

Приказни
Константин Миладинов?
Мистеријата на старата фотографија од Охрид
Во процесот на барање на „македонска уметност“, во јуни 2015та година стапив во контакт со дилер на стари фотографии од Романија, госпоѓата Маргарит Сорин од