Наспроти судбината

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата бестселер книга „Престани да се грижиш, почни да живееш“ во 1948 година. Еден фасцинантен пример на оваа филозофија е животната приказна на германскиот сликар Хелмут Херман Кромер (1891 – 1973). […]

Браќа со оружје

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод  100 години од крајот на Големата војна. Екипата на кураторот на изложбата Лора Кјутинг ги избира најважните слики од Првата светска војна од подрумското депо на музејот и ги поставува […]

Вундервалд

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната на Хитлер. Но цената беше огромна. Русите изгубија 81 илјада војници и 2000 тенкови, а над 280 илјади руски војник беа ранети. На германска страна загубата беше погубна: над 450 […]

Камили во Скопје

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска куќа BÁV Zrt од Будимпешта на нивната аукција на 15-ти мај нуди поголем пастелен цртеж насловен „Скопие, Вардар со замок 916 II / 6“ од унгарскиот сликар Јанош Вазари (Капошвар, […]

Дегенерираните

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и Париз (Académie de peinture et de sculpture) во трката за културно влијание во Европа. Силната австро-унгарска империја сфатила дека европска сила не се станува само со воена моќ, туку и […]

Аферата „Мис Стон“

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка технологија „Тоталскоп“ започнува да се прикажува во кино-салите. Филмот ја раскажува приказната на скоро заборавената „Ударна вест“ од самиот почеток на XX-тиот век: во септември 1901 година, американската методистичка мисионерка […]

Учителот од Охрид

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на Интернет. Налетувам  на online аукција во живо во Питсбург, Пенсилванија, САД. Меѓу разно-разни нешта, во листата на објекти за продажба се појавуваат 12тина цртежи од гваж на хартија со опис: […]

Изгубени во огнената бура на Дрезден

Дрезден пред и по бомбардирањето од февруари 1945 година

На почетокот на 20ти век германскиот град Дрезден бил наречен „Фиренца на Елба“ и  бил еден од најубавите градови во Европа. Прекрасната барокна архитектура во комбинација со околната природна убавина на јужната долина на реката Елба и околните ридови, блага и пријатна клима и модерна инфраструктура (железничка врска со Берлин Лајпциг, челичен мост  (1891–93), кабелска […]

Добар објект за Вашата македонска колекција

Macedonian-collection

Еве еден совет за секој што сака да започне своја колекција на уметност и фотографии поврзани со Македонија од периодот 1850-1950 година: германска книга објавена во 1915 година со наслов „Bilder vom Mazedonischen Kriegsschauplatze“ (Слики од македонско бојно поле). Книгата е креирана по наредба на германската воена генерална команда и објавена од графичкото друштво  во […]

Каде е гробот на Џерард Чаун?

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата за уметност Слејд и ликовните академии во Париз и Рим. Станува професор по сликарство на универзитетот на Ливерпул и е основач на студиото „Сандон“ во Ливерпул. Пред Големата војна, патувал […]