Родена во Љубљана на 17ти Септември 1919та година, починала на 9ти Декември 2010 во Љубљана. Студира на Ликовната академија во Загреб во класата на Крсто Хегедушиќ и Владимир Бечиќ. Се вклучува во партизанското движење во 1944та и работи во графичко студио. После војната живее и работи во Љубљана. Добитник е на наградата од Прешерен фонтацијата во 1981 за нејзините уметнички достигнувања.

Герловиќ го посетува Орид, Струга и Скопје во периодот 1953-1957 година. Во  нејзините рани македонски цртежи најчесто е избран мотивот на лица и фигури на жени и деца. Често се посветувала на македонската носија. Академско зацртаниот ликовен принцип на цртежот подоцна го заменила со јасен, конструктивен линиски цртеж и преминала на урбана стилизација и апстракција.

Во својата книга „Деланки од мојот живот“ сликарката Герлович запишала дека ликовните посети во Македонија, каде што во 1950-тите години ги поминала  летата, бил обиколница во нејзиниот развој како пејзажна сликарка. Изработува повеќе од 600 цртежи. Во 2001вата година дел од овие цртежи се изложени вп Музејот на Македонија.

Пештани 1955, цртеж
Пештани 1955, цртеж
Аленка Герловиќ (1919-2010)
Аленка Герловиќ (1919-2010)
Аленка Герловиќ (1919-2010)
Аленка Герловиќ (1919-2010)
Аленка Герловиќ (1919-2010)
Аленка Герловиќ (1919-2010)

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не