Џон Реџиналд Гудман (1870-1962) Британец

Роден во Сент Албан во Хертфоршир, Велика Британија во 1870. Се оженил со познатата сликарка Катлин Дикс во 1899, позната по своите минијатур портрети со кого излага во Салонот на Кралското Друштво на Акварелисти. Студира во Класата на еминентниоакварелист Вилфред Бал пред да ги започне своите патувања во Холандија, Јужн аАфрика и Австралија. Во Австралија пристигнува во Сиднеј во 1913та година каде што започнува да слика акварели од Сиднеј и околината. Во 1914та волонтира во армијата и ја променува годината на раѓање од 1870 во 1878 за да го  исполни условот за старост. Служи во 1915та во Британскиот реџимент во Солун каде што го изработува акварелот „Пејсаж крај Вардар“ кој денес се наоѓа во колекцијата на Британската Кралска Галерија. Одликуван е со повеќе медаљи за храброст. После војната живее со својата сопруга Катлин во Англија во Сири, Велингборо и Норфолк.

Неколку аукциски информации во врска со неговите Македонски акварели – акварелот „Поглед на војниот камп во долината на Вардар“ е продаден од аукциската куќа Toovey’s од Вачингтон, Западен Сасекс, Британија на 14-12-2013, под број 55. Друг акварел со наслов „ Широк пејзаж, воен камп Карасули, Грција“ е продаден од страна на аукциската куќа Fellows & Sons . Хокли , Бирминген, Велика Британија на 27-2-2017 под број 1002.

Поглед на воен камп во долината на Вардар 1916, акварел.
Поглед на воен камп во долината на Вардар 1916, акварел.
Широк пејсаж , воен камп Карасули, Грција, 1916, акварел.
Широк пејсаж , воен камп Карасули, Грција, 1916, акварел.

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не