Француски бакрорезец, сликар и ликовен истражувач. Луи Годефроа најпрво студирал сликарство во Париз кај Каро-Делваил. Неговиот прв обид во бакрорезбарството е во 1905та година и првите графики ги изложува во 1906та. Скоро во текот на целата негова кариера, неговите гравури и бакрорези се печатени во Париз кај Марсел Гијот. Фодефроа бил патник, патувал  и изработувал резби од Франција, Холандија, Англија, Њујорк, Венеција, Грција, Турција, Кина, Јапонија, Ангор, Макао и Цејлон. Бил прецизен и во пејсажите и во архитектонските композиции. Централен мотив во неговите гравури е фино доловување на атмосферски ефекти, особено игра на светло и сенка.  Луи Годефроа бил исто така важен ликовен истраживач на графичката уметност. Напишал голем број животни каталози (Catalogue Raisonnes) на разни сликари, на пример Алберт Беснард (1929) и Адриен ван Остаде (1930). Вкупно, Луи Годефроа има креирано околу стотина оригинални бакрорези. Луи Годефроа го посетил Солун во периодот 1917-1923. Направил најмалку два бакрореза со сцени од Солун, “Сцена пред кафаната со платани, Солун 1917„ публикуван во магазинот  The Print Connoisseur во Април 1923. Еден примерок  од овој бакрорез е на продажба од галеријата www.artoftheprint.com.  Друг пример е бакрорезот “ Фонтана на циганите (Солун)„ кој е во колекцијата на Британскиот Музеј. Исто така, бакрорезот со наслов „Солун Април 1917„ е во сопственост на авторот на овој лексикон.

Сцена пред кафаната со платани, Солун 1923, бакрорез
Сцена пред кафаната со платани, Солун 1923, бакрорез
фонтана на циганите
фонтана на циганите
Солун Април 1917, гравура
Солун Април 1917, гравура

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не