Роден на 14ти Јуни 1878 во Шарпетри, починал во Рем на 14ти Ноември 1946. Жан Гулден бил доктор по медицина, сликар и дизајнер познат по неговите емајли/глазури. Најпрво бил венчан со Сибил Булок-Хал, а потоа во 1925 со Доли Шмет, ќерка на познатиот Франсоа-Луи Шмет (1873-1941) со кого ќе соработува во текот на целата негова уметничка кариера. Исто така блиску соработува со Жан Дуданд и Пол Жув.

За време на Големата Војна, Жан Гулден бил мајор во Источните Армиски единици, стационирани во Солун а потоа преместени на Дарданелите. Изработува серија на цртежи и акварели од Македонските предели, инспирирани од локалните етникуми и архитектура. Еден пример од овие дела е цртежот “Македонска Куќа„ продаден од аукциската куќа  Tayan во Париз, Франција во 28ми Мај 2002 (објект број 49). Неговите дела од Мaкедонскиот воен период се подоцна отпечатени од страна на Франсоа-Луи Шмет  во книгата “Солун, Македонија Атос„ од 1922 година.  (вкупно 18 сцени од Солун, 7  пејсажи од Македонски долини и 17 пејсажи од планината Атос).  Еден редок примерок од оваа книга (која е отпечатена во само 70 примероци) е продадена од аукциската куќа Sotheby’s  во Лондон, на 9ти Септембер 2003 за 7200 фунти.

Куќа со чардаци во Македонија 1917, цртеж
Куќа со чардаци во Македонија 1917, цртеж
Книгата “Солун Македониа Атос„ од Франсоа-Луи Шмет, со негови литографии според оригинали цртежи од Македонија  на Жан Гулден, 1922

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не