Роден во Подебради на 16.04.1863, починал во Прага на 30.11.1956. Лудвик Куба е Чешки сликар на пејсажи, музичар, писател, колекционер на  фолкорни традиции и професор на Академијата на Ликовни Уметности во Прага. Најпрвио студиј на свирење органа и земал приватни часови по цртање од Бохуслав Шринч и Карел Либшер. Се запичшва на Ликовната Академија во Прага и студира во студиото на Макс Пирнер (1891-93). Потоа ги продолжува студиите на престижната Париска академија Жулиан (1893-95) како  и во ликовната школа на антон Ажбе (1895-1904). Во 1911 се враќа во Прага и одржува серија на успешни изложби во Виена, Венеција, Рим и Дрезден. Не е следбеник на ниту еден од познатите Европски групи или правци. Куба развива свој стил – базиран на фолкорните традиции и етнолошки импресионистички композиции.  Го посветува животот на сликање, собирање на народни песни ( како на пример збирката “Славонски народи и нивните песни„ со 4000 документирани песни) и на пишување за фолкорните традиции. Добитник е на многу Чешки и меѓународни награди. Патувал темелно низ Балканот, ги набљудувал  локалните словенски култури и пишувал во детаљи за локалните обичаи, историјата и етничките чувства на луѓето.

Лудвик Куба ја претстојувал во Мaкедонија помеѓу 1925-27, воглавно фокусирајќи се на студирањето на народните обичаи од Сокпје, Галичник Битола и Охрид. Во Охрид се сретнува со сограѓанинот Јулиус Комарек – етнолог и музиколог кој што ја објавува книгата “Непозната Македонија„ во 1940.  Куба спроведува детална студија на идентичната Македонска култура и традиција. Ги објавува своите наоди и импресии во книгата “Книга за Македонија (1925-27)„ за прв пат објавена во Прага во 1932. Во оваа книга е опишан различниот Македонски идентитет како и асимилаторската политика на земјите кои ја поделиле Македонија. Одреден број на негови слики со Македонски мотиви се наоѓаат во колекцијата на Музејот на Современа Уметност во Скопје. Акарел насловен “Манастир Трескавец 1925„ како и масло на панел со наслов „Пазар на грнци Штип 1925Ќ  се во колекцијата на авторот на оваа книга.

 

Манастир Трескавец, 1925, акварел
Манастир Трескавец, 1925, акварел
Пазар на грнци, Штип, 1925, масло на панел
Пазар на грнци, Штип, 1925, масло на панел
Народни носии од Битолско и Скопски, 1925, масло на платно
Народни носии од Битолско и Скопски, 1925, масло на платно
Народни носии од Битолско и Скопски, 1925, масло на платно
Народни носии од Битолско и Скопски, 1925, масло на платно
Скопје 1927, масло на платно
Скопје 1927, масло на платно
Манастир Света Петка крај Охрид , масло на платно
Манастир Света Петка крај Охрид , масло на платно

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не