Франс Марк е еден он најпопуларните Германски експресионисти. Роден е на 08.02.1880 во Минхен, починал на 04.03.1916 во Бракуис на Францускиот фронт. Студирал на Минхенската Ликовна Академија во 1900тата, одкако ги напуштил студиите по теологија и филозофија. Во 1903та патува за Париз неколку пати, каде што за прв пат стапува во допир со делата на големите импресионисти. По враќањето дома, запаѓа во депресија.

 

Ситуацијата му се подобрува во 1906тата кога ја посетува Македонија, поточно Солун и регионот околу планината Атос, придружуван од брат му, каде што ги проучуваат Византиските манускрипти. После Македонија, повторно се враќа во Париз. Во периодот 1906-1910, Франс Марк поминува низ персонални кризи (вклучувајжи го и краткиот неуспешен брак) во обид да најде уметнички израз кој би го одвел импресионизмот кон следната фаза на развој. 1910тата година е преломна во неговата кариера. Го запознава Аугуст Маке, кој го воведува кон Фаувизмот и го носи на изложбата на Матис во Минхен. Во Фебруари 1911 го запознава Кандински и тоа е камен-темелникот во формирањето на најзначајната Германска експресионистичка група “Плавиот Јавач„. Франс Марк бил главниот двигател на групата, и организирал низа на успешни изложби. Околу тоа време, Франс Марк почнува да црта серија дела со животни кои стануваат обележје на неговата кариера. Во 1913та учествува на изложбата на Есенскиот Салон во Берлин, каде што приметува дека се повеќе и повеќе сликари се приклонуваат кон експресионизмот. Во есента 1914, скоро целата работа на Франс Марк станува апстрактна. Но за жал, оваа вонсериска кариера е насилно прекината со војната. Во Март 1916та година Франс Марк е убиен на место кога шрапнел го погодил во главата на фронтот крај Вердун, Франција. Зад себе ги остави некои од најпознатите и најзначајните слики на експресионистичкото движење.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не