Роден во Ремс на 18.05.1890, починал во Фонтано-о-Росе на 30.11.1970. Александар Нол е познат Француски скулптор, сликар и графички дизајнер. Воглавно е познат по неговите дизајни на намештај каде што користел различни видови на дрво. Неговите дела можат да се најдат во Музејот на Модерна Уметност во Париз.

Александар Нол ја посетил Македонија за време на Првата Светска Војна каде што бил стациониран во Солун. Креирал серија на цртежи и маслени слики, на пример маслото на платно насловено “Изгрејсонце во Солун, 1917„ продадено од аукциската куќа Piasa, Париз на 18.12.2000 (објект број 58). Две негови графики ( дрвопис) датирани од 1917 , со сцени од Солун , се понудени на продажба од аукциската куќа Bonhams од Лондон на 12.12.2019 (објекти број 4 и 5)

Изгрејсонце во Солун, 1917, масло на платно
Изгрејсонце во Солун, 1917, масло на платно
Солун, 1917, дрвопис, принт
Солун, 1917, дрвопис, принт
Солун, 1917, дрвопис, принт
Солун, 1917, дрвопис, принт

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не