Роден на 17.09.1887 во Париз, починал на 23.11.1949 во Париз. Бил студент на Пол Реноар и Луи Морин. Работел како илустратор на познатото списание L’Illustration. Неговите книги “Мали бизниси во Солун„ (со 12 литографии во боја) и “Скици од Воени Заробеници, Солун„ (со 24 колор цртежи) се објавени во 1918та година. Одтогаш, Туше илустрирал повеќе од 50 книги.

Жак Туше бил стациониран во Солун, Македонија со Француската Армија за време на Првата Светска Војна. Во тој период изработуа серија на акварели и цртежи. Некои од овие дела се продадени од аукциската куќа Gautier-Goxe-Belaiisch во  Einghien-les-Bains, Франција на 26.03.2000. Неколку литографии од Солунски сцени се во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Солун 1917, литографијa
Солун 1917, литографијa
Македонски бегалци во црква во Солун 1917, литографија
Македонски бегалци во црква во Солун 1917, литографија
Македонски бегалци во црква во Солун 1917, литографија
Македонски бегалци во црква во Солун 1917, литографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не