Чарлс-Рене Дарио е сликар роден во јули 1879 година во Бордо и почина во мај 1958 година во Клиши-ла-Гарен. Bил ученик на познатите француски сликари Фернан Кормон, Марсел Башет и Франсоа Шомер. Добитник е на втората Голема награда на Рим (Grand Prix de Rome) во 1907 година. Редовно учествувал во Салонот на уметниците на Франција, чиј член станал во 1909 година, каде што добил почесно признание во 1906 година, 3-ти медал во 1910 година, 2-ри во 1924 година и 1-ви во 1927 година. Добитник на медалот  Витез на легијата на честа во 1929 година. Во неговите дела се препознаваат неколку влијанија: експресионизан и пост-импресионизам кај одредени слики со сончеви градини.

            Дарие ја посетил Македонија за време на Големата војна, веројатно во улога на воен сликар во француската армија на ориентот, стациониран во Солун, каде што во 1917 година насликал неколку масла на платно и акварели со градски сцени од Солун и Света Гора. Некои од неговите македонски дела се маслото на платно со наслов „Ruelle à Salonique (1917)” (Алеа во Солун 1917) понудено на продажба од аукциската куќа Хорта, Брисел, Белгија на 22 март 2021 година (лот број 112) и акварел „ Mont Athos, entrée du monastère de Simonos Petra“ (Планината Атос, влез во манастирот Симонос Петра) продаден од аукциската куќа ДРОУОТ-РИЧЕЛИЕ, Париз, Франција на 1 април 2016 година (лот број 330). После Македонија, Дарие се преселил во Алжир во 1920 година, каде сликал во ориенталистички стил1).

  • Информации; Élisabeth Cazenave, La Villa Abd-El-Tif, half a century of artistic life in Algeria 1907-1962 , Abd el Tif editions, 1998.
Charles-René Darrieux (1879-1958) “Ruelle à Salonique (1917)” oil on canvas
Charles-René Darrieux (1879-1958) “Ruelle à Salonique (1917)” oil on canvas
Charles-René Darrieux (1879-1958) “Mont Athos, entrée du monastère de Simonos Petra” watercolor
Charles-René Darrieux (1879-1958) “Mont Athos, entrée du monastère de Simonos Petra” watercolor

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не