Dugdale Cantrell Thomas

Бомбардирање на Бугарските ровови, Дојран 1917, гваш.

Британски сликар на портрети и сцени, декоратор и дизајнер на текстил. Роден е на 2 Јуни 1880 во Блекбурн, починал на 13ти Ноемвски 1952 во Лондон. Студиран на Ликовната Школа на Манчестер, Кралскиот Ликовен Колеџ, Градската Ликовна Школа на Кенингтон, академијата Џулиан и атељето Колароси во Париз. Изложувал во Кралската Академија во 1901 и во […]

Lear Edward

Охрид Македонија 1848, мастило

Роден во Хајгејт (Лондон), Англија на 12.05.1812 (како 20то од 21 деца), починал во Санремо, Италија на 29.01.1885. Едвар Лир бил Англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Татко му бил неуспешен трговец на берзата, а мајка му се откажала од него , така да Лир е пораснат од […]

Macdonald R.A.

Поручник  полковник Р.А. Мацдоналд, илустратор, ја посетува Македонија со Британскитое трупи во 1917 каде што се бори и црта скици и цртежи од  Дојранскиот фронт . Овие цртежи денес се во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј во Лондон.

Makenzie Sebright Mary Georgina

Катедрала во Охрид 1867

Исто позната како леди Џорџина Мјур Макензи. Британски патописец и илустратор. Птувала низ Балканот заедно со Аделаид Паулина Ирби (1831-1911), секогаш придружена со Турска вооружена придружба. Нивната исцрпна посета на Македонија е опишана и илустрирана во нејзината книга “Турците, Грците и Словените, Патувања низ словенските провинции на Европска Турција (1867)„.. Автор е на многу политички […]

Chowne Gerard

Роден во Индија во 1875, починал во Солун, Македонија 1917. Студира сликарство на Slade  школото помеѓу 1893-9, исто така и во Париз и Рим. Работи како учител на универзитетот во Ливерпул помеѓу 1905-8, основач на  Sandon Studios  во Ливерпул. Чоун ја посетува Македонија за времето на Големата Војна, како капетан во 9тиот Источен Ланкс реџимент. […]

Calvert Charles

Сцени од Битола, албум со фотографии и цртежи 1865

Британски дипломат, фотограф и илустратор. Служел како Британски конзул во Битола (Монастир) од 1860тата па се до затворањето на Британскиот конзулат во 1872та година. Пред Македонија, бил Британски дипломат во Дамаск и Бејрут во 1850, а потоа се сели во Солун во 1856 за на крај да дојде во Битола. Чарлс Калверт продуцира ислучително редок […]

Booth John

Тапан-оро во Куманово, илустрација од “Невољите на Балканот„

Англиски новинар и илустратор, и специјален дописник на весникот “Graphic од Македонија во 1904тата година. Книга за неговиот престој во Македонија, насловена “Невољи на Балканот„ со голем број на негови цртежи со графит и мастило од различни делови на Македонија, публицирана од  Hurst and Blackett, Лондон 1905.

Bayne Roskell Rickard

Солун 1858 цртеж

Рикард Бејне е познат Британски архитект, роден во Wawickshire, Англија на 7ми Јули 1837, починал во  Victoria (B.C), Канада на 4тх Декември 1901. Студирал архитектура на Универзитетскиот колеџ во Лондон, и училиштето за дизајн во Јужен Кенсингтон во Лондон, каде што добива повеќе престижни награди (на пример наградата на Кралицата во 1860тата). Рикард Бејни го […]

Wright. S

Невозможно е да се идентифицира овој сликар. Постои стар аукционерски запис од аукциската куќа  Moore Allen &Innocent, од Велика Британија за (објект брон 341) два акватела потпиѓани “С. Врајт„ и насловени “Македонски селани , Ушкуб„, “Грчки комита , Парнасус 1917„. Овата потпичани и датирани 1921. Авторот бил најверојатно Британски војник во Македонија за време на […]