Keller-Kühne Woldemar Josef

Портфолио на принтови од маслени слики од Македонија 1941 ( Скопје, Охрид, Ресен, Битола) изложени на изложбана на Вафен СС трупите , во присуство на Хенрих Химлер.

Роден на 23.04.1902 година во Минхен-Нојхаузен, почина на 09.03.1991 година во Мисбах. Германски сликар,  цртач и графички уметник. Член на Уметничката Кооперативата во Минхен. Студирал од 1921 до 1930 година на Минхенската академија за ликовни уметности во класата на Хајнрих фон Зегел и Анџело Јанк. За време на студиите патувал во Австрија, Унгарија, Франција, Латвија […]

Klee Paul

Слетување во Солун 1915, акварел

Роден во Минхенбушее, Швајцарија во 1879. Студирал на Минхенската Ликовна Академија (1898-1901) и подоцна се поврзува со ликовната група “Плав Јавач„. Клее живеел во Германија за време на Првата Светска Војна и е мобилизиран во Германската Армија во 1916. Не е пратен на фронтот, туку времето го поминува во сликање авиони. Неговите воени мемоари се […]

Morgner Wilhelm

Македонски пејсаж, крива улица 1916, акварел

Роден во Соест na 27.01.1891. Од 1908мата година започнал со земање приватни часови кај познатиот сликар Георг Таперт од Ворпсведе. Делата на Моргнер во овој прв период се реалистични и често тешки и мрачни. Таперт и Моргнер станале добри пријатели за време на кратката обука. За време на неговата прва сликарста фаза околу 1911, често […]

Neuhaus Berthold Fritz

Македонска селанка 1911, масло на платно

Роден во Дизелдорф во 1882. Син на сликарот Фриц Неухаус (роден 1852). Студиран сликарство во Дизелдорф, Карлсруе и Минхен. Ученик на проф. Зугел. Живеел и работел во Минхен и Хамбург. Ја посетил Егејска Македонија околу 1911 каде што го насликал маслото на платно “Македонска селанка„ продадено од аукционерката куќа Cuvreau Louis (S.V.V.) , Saint-Paul-lès-Dax во […]

Oehme Albrecht

Товарна колона во Македонија 1914, масло на платно

Роден во 1876 во Чемниц. Малку се знае за овој сликар. Најверојатно бил воен сликар на Германската армија и патувал низ Македонија со Германските трупи за време на Големата Војна. Неговото масло на планто насловено “Товарна Колона во Македонија, 1914„ е во колекцијата на уметничката галерија Atelier Der Moderne во Берлин.

Pankok Otto

Автопортрет во Охрид 1954, дрвен одпечаток

Роден во Мулхеим на Рур на 6.6.1893 , починал во Весел на 10.10.1963. Го започнува своето ликовно образование во 1912та на Ликовната Академија во Дизелдорф и Веумар. Само по неколку месеци ја напушта академијата во Веимар, каде што учители му биле Фриц Макенсен и албин Егер-Линци заминува на студиско патување во Холандија со Вернер Гилс. […]

Hielscher Kurt

Од книгата “Југославија , пејсаж, архитектура и животот на луѓето„ 1926

Курт Хилшер е еден од најпознатите Германски уметнички фотографи од неговото време. Роден е во Штриgау, Шлезија (Силезија во Полска) и починал во Лихтенштајн ин Сахен. Работел како учител по Германски јазик во Шпанија за време на Првата Светска Војна, каде што изработува илјадници уметнички фотографии од Шпанските пејсажи. Во 1920тите години, започнува со патување […]

Hempfing Wilhelm

Роден  во Берлин на 15.7.1886 во Шонаѕ/Хајделберг, починал на 6.6.1948 во Карлсуе. Вилхелм Хемпфинг е Германски сликар и графичар кој студирал на Ликовната Академија во Карлсруе (заедно со својот колега Емил Нолде) во класата на професор Фридрих Фер. Бил исто така одличен бакрорезец , образован  на Академијата во Карлсруе од Валтер Конц. Патувал често и […]

Heckendorf Franz

Во Солун, бактрорез

Роден  во Берлин 1888, починал во Минхен на 17 Август 1965. Студирал на Академијата за Декоративни уметности и на Академијата за Ликовни Уметности и ја имал својата прва изложба со Берлинските сецесионисти во раната 1909. Неговите први слики се претежно импресионистички и прикажувале сцени што тој ги доживеал додека бил воен пилот во Првата Светска […]

Hänel Georg

Прилеп, 1918 , акварел

Роден и починат во Дрезден (загинува во последните часови од Втората Светска Војна од залутан куршум), Германија каде што го поминува целиот живот. Студирал сликарство на Академијата на Ликовни Уметности во Дрезден, како студент на Баузер и Брахт. Ханел понекогаш демонстрирал фигуративен стил, меѓутоа не бил познат по традиционално фигуративно сликарство или сликање портрети  како […]