Préjelan René

Рене Прежелан (1877-1968) Повардарец ветар крај Солун, 1916, акварел

Рене Ферет Прежелан, роден во Перпињан 1877 година, починал во 1968 година. Добро познат карикатурист и илустратор, творец на таканаречената „Мали жени од Париз (petite femme de Paris)“ што неодамна е повторно популарна поради зголоемениот интерест кон т.н. „пинап“ уметност со француски убави дами од 1920-тите години.  Бил илустратор на весниците La Caricature, Fantasio, Le […]

Peyrissac Jean

Жан Пејрисак (1895-1974) акварели од Македонија од периодот 1917/1918 објевени во книгата „ En Macédoine sous la Montagne bleue - Campagne d'Orient 1917-1918“

Роден во Кахорс на 29 септември 1895 година, починал на  18 јуни 1974 година во Париз. Француски сликар и скулптор Студирал прва медицина сè додека не започнала Големата војна во 1914 година. Прво бил испратен на францускиот фронт во Тулуз, а потоа во 1917 година со Армијата на ориентот кон Македонија во Солун и Монастир […]

Parthenis Кonstantinos

Константинос Пантенис ( 1878-1967), Планината Пангајон (Кушница), Македонија, 1904, масло на платно 18 х 18 цм.

Константинос Партенис (грчки: Κωνσταντίνος Παρθένης; 10 мај 1878 – 25 јули 1967) бил истакнат грчки сликар, роден во Александрија. Во неговата уметност, Партенис ја прекинал грчката академска традиција од 19 век и вовел модерни елементи заедно со традиционални теми, како на пример фигурата на Христ. Константинос Партенис е роден во мајка Италијанка и татко Грк […]

Pijade Moša

Фотографија со Тито за време на Втората светска војна

Моша Пијаде (4 јануари 1890 – 15 март 1957 година), прекар „Чича Јанко“ бил српски и југословенски комунист, близок соработник на Јосип Броз Тито, југословенски политичар и полноправен член на српската академија на науките и уметностите. Пијаде е со Сефардско еврејско потекло ( евереи кои се протерани од Шпанија во 1492 година и прифатени од […]

Prött Paul

Листа на Македонски дела, аукциски каталог од 1926та

Малку познат германски сликар, роден во Хаген во 1880 година, студирал во Минхен и работел како сликар и графичар во Келн од 1912 година. Тој главно насликал градski сцени и пејзажи. Неговата сопруга починала пред Првата Светска Војна и тој веројатно се преселил во Берлин со неговата ќерка во 1920-тите. Неговата ќерка емигрирала во Соединетите […]

Prinz Ludwig Karl

На светите извори во Драма, Македонија 1918, акварел.

Роден и починат во Виена, Австрија. Принc бил сликар на пејсажи и сценски уметник кој што работел на уредувањето на сцената на Виенската Дворска Опера (1912) и во театрите во Минхен, Хамбург и Њујорк.  Го декорирал и Министерството за Внатрешни работи, Виенскиот Градски Музеј и работел за Принцот од Лихтенштајн. Покрај театарска работа, бил активен […]

Pankok Otto

Автопортрет во Охрид 1954, дрвен одпечаток

Роден во Мулхеим на Рур на 6.6.1893 , починал во Весел на 10.10.1963. Го започнува своето ликовно образование во 1912та на Ликовната Академија во Дизелдорф и Веумар. Само по неколку месеци ја напушта академијата во Веимар, каде што учители му биле Фриц Макенсен и албин Егер-Линци заминува на студиско патување во Холандија со Вернер Гилс. […]

Petković Nikola

Македонски селани, масло на картон

Роден во 1893 во Инџија, починал во 1952 во Питсбург. Никола Петковиќ бил сликар и свештеник кој живеел во Србија, Македонија,   Црна Гора и САД. Петковиќ е релативно непознал сликар, но од неодамна е откриен од Српските ликовни критичари и споредуван со најдобрите Српски импресионисти (како Надежда Петровиќ). Роден е во богата фамили во Инџија, […]

Petrov Ilya

Портрет на Н.Ј. Вапцаров, туш

Роден во Разград во 1903, завршил сликарство на Ликовната Академија во Софија во класата на Никола Маринов во 1926та година. По дипломирањето , ги продолжува студиите во Минхен во школото на професор Хаинрих Ман во периодод 1926-1928. Во 1930тите години имал студиски патувања во Франција и Италија. Од 1941вата година е предавач а по 1946та […]

Petrov Ivan

Македонска жетварка, масло на платно

Роден на 17.09.1909 во село Разпоповци, починал во 1991 во Софија. Дипломирал на Ликовната Академија во Софија ан отсек сликарство во 1931 во класата на Проф. Никола Маринков. Во периодот 1931-1947 е учител во Елена, Пловдив. Од 1931 па до 1976 е професор на Ликовната Академија во Софија. Сликал фигуративни композици, пејсажи, портрети и историски […]