Petrović Nadezda

Надежда Петровиќ е една од нај проминентните Српски сликари. Родена е во Чачак во 1873та година. Заполнала со нејзиното ликовно образование во Белград во 1891 во Женската Гимназија а потоа и во Цртачкото школо. Подоцна станува студент на Џорџе Крстиќ и помеѓу 1896/97 ја посетува сликарската школа на Кирил Кутлик. Студирала на Ликовната Академија во […]

Picard F.

Поглед на Солунскиот залив 1854, акварел

Француски сликар од 19ти век. Неговиот акварел “ Поглед на Солунскиот залив, 1854„ е продаден од аукциската куќа  Desamais од Авињон, Франција на 12.08.1991 (објект број 132).

Pigassou Joseph

Црква Света Катарина ( поранешна турска џамија) 1917, акварел

Роден во Нарбона на 14.08.1878, починал во Мас-Грение во 1961. Аматер фотограф и сликар. Студирал литература и филозофија на Семинарот во Нарбона. Сакал да биде професионален сликар, но под притисок од фамилијата студира медицина во Тулуз. Почнува да фотографира и црта акварели најпрво во неговото патување во Тунис, а  потоа и за време на Првата […]

Pištělka Petr

Сцена од Пазарот во Скопје, 1940, литографија

Роден во Швабенице на 14.07.1887, починал во Вишков во 1963. Дипломиран во 1913та година на Ликовната Академија во Прага, во класата на Х.Швајгер и М. Пирнер. Имал студиски престој во Италија во 1914та година. Во Првата Светска Војна слижи војска во Русија. После војната патува во Јапонија (1919), Полска (1933) и на Балканот (1936). Сликал […]

Point Armant

Носач на вода во Лерин, 1916, акварел

Роден во Алжир на 23.10.1861 починал во Марлот, Франција во Март 1932. Арман Поинт бил многу познат Француски симболистички сликар и дизајнер. Ја започнал својата уметничка кариера цртајќи Алжирски сцени од детството, доловувајќи Ориентални композиции, како што се пазари и музичари, со препознатлива прецизност. Во 1888 оди за Париз да студира сликарство на Академијата на […]

Ponzi Ettore

Охрид 1943, масло на панел

Роден во Борго Сан Донино (Фиденза) на 26.10.1902 година, починал во Фиденза на 31.01.1992 година. Студирал на Уметничкиот институт Паоло Тоши во Парма со Паоло Барата, Гидо Марусиг и Пиетро Берзола, а се стекнал со диплома во 1934 година. Во 1936 и 1937 година бил во Воената академија во Салерно. Учествувал заедно со неговиот пријател […]

Popović Branko

Манастир Св. Наум Охрид, 1931, масло на платно

Роден во Ужице, Србија во 1882, починал во Белград (убиен од партизаните) во 1944. Еден е од најпроминентните Српски сликари. Студирал на Техничкиот Универзитет во Белград во 1905 а подоцна и на Ликовната Академија во Минхен до 1909та. Го продолжува образованието во Париз помеѓу 1909-1912. Бил воен сликар во периодот 1912-1918. Во таа улога и […]

Portier Marguerite

Охрид Српски куќи, акварел

Родена и живеела во Лион, патувала интензивно низ Северна Африка, Шпанија, Италија, Балканот. Создала серија акварели на Охрид од 1930-тите години (ги насловува сите акварели со Охрид, Србија. Еден од овие акварели е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Preziosi Amadeo Vittorio Count

Двајца Албанци пушат и Албански војник 1850, акварели.

Роден во Валета, Малта на 02.12.1816 во фамилија на богат Европски аристократ, потомок на Сицилијанските кралеви. Иако бил образован во правни науки и цртање, се решава да ја следи својата пасија кон сликањето и ја напушта правничката кариера. Најпрво добива образование од Џузепе Хајзлер а потоа студирал и на Ликовната Академија во Париз. Тоа било […]

Prica Zlatko

Куќи во Охрид, 1946, масло на платно

Роден во Печух, Унгарија на 26.06.1916, починал во Ријека, Хрватска. Во 1922 емигрира во Самобор, Хрватска а набрзо потоа во Загреб, каде што се запишува на Ликовната Академија. Дипломија во 1940та во класата на Љубо Бабиќ. Неговата прва самостојна изложба била во Ликовниот Павиљон во Загреб во 1940та, пред самиот почеток на војната. Неговите рани […]