Huter Anton

Охрид, масло на платно

Роден на 23-11-1905 во Црквеница, починал 07-03-1961 во Белград. Студирал во 1927 на Белградската Ликовна Академија, ученик на Љ.Ивановиќ и М.Миловановиќ. Имал студентски патувања до Париз во 1928 каде што изложува заедно со други Југословенски сликари. Член на “Облик„ и “Независни„. Неговиот стил варира од Српски импресионизам до реалистички пристап. Хутер ја посетува Македонија во […]

Jouanneau dit Irriera Roger

Улица на љубовта„  во Солун 1916, цртеж

Француски ориенталист, сликар, илустратор и карикатурист. Роден во Бордо 1884, но се самодекларирал како Парижанец. Патувал низ Ориентот и служел во Француската армија во двете светски војни, за што добил низа воени одликувања. Создал повеќе од 300 уметнички дела кои ги илустрирале борбите на Француската армија. Неговите дела можат да се најдат во Францускиот Воен […]

Ivanov Ivan

Стара Улица во Македонија 1915, акварел

Роден во 1879 во Видин , починал во 1966 во Софија. Студирал на Националното Ликовно Училиште во Софија, кај Проф. Иван Мрквичка, а потоа оди во Букурешт каде студира на Букурештката Ликовна Академија кај проф. Костанда и проф. Гропјано. Работи како воен сликар за време на Балканската и Двете Светски војни, и во таа функција […]

Ivanović Ljubomir

Пред фурна во Струга 1937, цртеж

Роден и починат во Белград. Ивановиќ е значаен Српски сликар од таканаречената “Прва Генерација на Српски Импресионисти„. На совед од сликарот Ѓорѓе Крстиќ, започнува да учи сликање во Спрското Школо за Цртање и Сликање (под водство на Ристо и Бета Викановиќ) а потоа како државен стипендист студира на Минхенската Ликовна Академија помеѓу 1905-1909) кај професорите […]

Japp Napier Darsie

Кралската Пешадиска Артиљерија во Македонија, пролет 1918, масло на платно

Сликар на пејсажи и фигуративни композиции. Роден е на 17-02-1883 во Ливерпул. Студирал на колеџот Свети Џон во Оксфорд. Работел во канцеларијата на неговиот татко помеѓу 1904-7 и истовремено вечерно студира на Ликовното Училиште Ламберт  под водство на Филип Конард. Подоцна студира на познатото училиште Слејд 1908-9. Служи во Британската армија со чин Мајор во […]

Jouve Paul

Солун 1916, гваш

Роден во Бурон-Марлот 1880, починал во Париз во 1973. Неговиот татко, Аугуст Жове, бил исто сликар и близок пријател на Винсент ван Гог. Охрабрен од татко му, Пол Жове поминува доста време во детството и младоста цртајќи во Париската ботаничка градина и Природонаучниот Музеј. На 13 годишна возраст  се запишува во Школото за Декоративни Уметности […]

Kállay Karol

Албанија Охридско езеро 1958

Карол Калај е најзначаен претставник на Словачката фотографија. Роден е во Чадца во северна Словачка. Студирал економија во Братислава. Работи како професионален фотограф од 1945. Работел како фото-репортер, моден, патописен и уметнички фотограф. Соработувал со најпознатите магазини како на пример: GEO Hamburg, Stern Focus, Spiegel итн. Неговите фотографски колекции се објавени во 40-тина книги: Лос […]

Keller-Kühne Woldemar Josef

Портфолио на принтови од маслени слики од Македонија 1941 ( Скопје, Охрид, Ресен, Битола) изложени на изложбана на Вафен СС трупите , во присуство на Хенрих Химлер.

Роден на 23.04.1902 година во Минхен-Нојхаузен, почина на 09.03.1991 година во Мисбах. Германски сликар,  цртач и графички уметник. Член на Уметничката Кооперативата во Минхен. Студирал од 1921 до 1930 година на Минхенската академија за ликовни уметности во класата на Хајнрих фон Зегел и Анџело Јанк. За време на студиите патувал во Австрија, Унгарија, Франција, Латвија […]

Kanitz Phillip Felix

Роден на 02/08.1829 во Будимпешта починал на 08.01.194 во Виена. Феликс Филип Каниц бил Австро-Унгарски сликар, натуралист, географ, етнограф, археолог, и патописец. Каниц е роден во Буминпешта во богата Еврејска фамилија. Се запишува на Уметнички одсек на Универзитетот на Виена во 1846, на 17 годишна возраст. Патува темелно после 1850тата година, посетувајќи ги Германија, Франција, […]

Klee Paul

Слетување во Солун 1915, акварел

Роден во Минхенбушее, Швајцарија во 1879. Студирал на Минхенската Ликовна Академија (1898-1901) и подоцна се поврзува со ликовната група “Плав Јавач„. Клее живеел во Германија за време на Првата Светска Војна и е мобилизиран во Германската Армија во 1916. Не е пратен на фронтот, туку времето го поминува во сликање авиони. Неговите воени мемоари се […]