Titirinov Strahil

Страхил Титиринов (1905-1961) Охридско езеро, 1941, акварел

Роден на 3 јануари 1905 година. во  Кукуш, Егејска Македонија, починал во 1961 во Софија, Бугарија. Дипломирал на Академијата за уметности во Софија, Бугарија кај проф. Никола Ганушев и проф. Димитар Гуџенов. Бил воен сликар за време на Втората светска војна во Македонија каде што изработува серија на акварели од Охрид, Прилеп, Битола, Велес и […]

Martel Charles

Шарл Мартел (1869-1922) Острово крај Воден, 1919, акварел

Роден во Аргентaн 1869 година, починал во Авињон 1922 година. За овој сликар малку се знае. Центарот Помпиду во Париз поседува колекција на акварели од Солун и Егејска Македонија направена во периодот 1916-1919 година. Некои од овие акварели се репродуцирани во француските списанија од Првата светска војна. Веројатно бил војник во Армијата на Ориентот на […]

Born Franz

Franz Born 1881 1917 German

Франц Борн е германски сликар роден во 1881 година во Франкфурт. Татко му, Франц Јакоб Борн, бил скулптор и ја направил познатата фонтана во Визбаден. Студирал сликарство во Минхен во 1904/5 кај професорот Фриц Хаусман, а потоа во Берлин кај познатиот Луис Коринт. Се сели во областа Шваленберг (Schwalenberg) и е припадник на таа сликарска […]

Lemasson Albert

Алберт Лемасон (1892-1982) Улична сцена во Солун, 1917, акварел

Алберт Лемасон е роден на 29 август 1892 година во Сент Марс-ду-Дезер во Лоара-Атлантик. Бил ослободен од воената служба во 1913 година, но потоа бил регрутиран во помошна служба од мај 1917 година до јули 1919 година. Овој период го поминал во Македонија, во Солун и Леринско каде што изработува голем број на цртежи и […]

Vidal André

Андре Видал (1880-1940) Село Буф крај Лерин, ~1915 масло на платно

Малку познат француски сликар. Бил професор по цртање во гимназијата во Бордо (Lycée de Bordeaux). Студирал на познатото Школо за ликовни уметности во Париз (l’école des Beaux-Arts de la rue Bonaparte à Paris) кај познатиот сликар Кормон. За време на неговиот престој во Париз, бил уличен цртач на портрети за да сѝ го плати своето […]

Peyrissac Jean

Жан Пејрисак (1895-1974) акварели од Македонија од периодот 1917/1918 објевени во книгата „ En Macédoine sous la Montagne bleue - Campagne d'Orient 1917-1918“

Роден во Кахорс на 29 септември 1895 година, починал на  18 јуни 1974 година во Париз. Француски сликар и скулптор Студирал прва медицина сè додека не започнала Големата војна во 1914 година. Прво бил испратен на францускиот фронт во Тулуз, а потоа во 1917 година со Армијата на ориентот кон Македонија во Солун и Монастир […]

Adam Denovan Joseph

Џозеф Денован Адам (1881-1935) Македонија „Варда“ фронт, масло на платно

Штотски сликар на животни, син на Џозеф Денован Адам (1841-1895) исто така познат сликар на животни од Шкотска. Студирал на Школата за уметност во Глазгов 1897-1899 но исто така земал часови од татко му, со кого работел заедно во селото Craigmill Farm во Шкотска. Во Глазговското Школо на уметност е забележано дека Адам е одликуван […]

Zepdji Paul

Пол Зепџи, „ Бугарско / Македонски / Грчко семејство од Солун“, фотографија, 1890

Пол Зепџи (XIX -XX), Ерменец Пол Зепџи е познат како „Фотографот на Солун“ и бил активен во последните децении на 19 век и првата деценија на 20 век. Неговите фотографии кои ги отсликуваат уличните сцени од Солун и солунските луѓе од сите етнички групи се репродуцирани на многу разгледници од 19 век. Пол Зепџи бил […]

Parthenis Кonstantinos

Константинос Пантенис ( 1878-1967), Планината Пангајон (Кушница), Македонија, 1904, масло на платно 18 х 18 цм.

Константинос Партенис (грчки: Κωνσταντίνος Παρθένης; 10 мај 1878 – 25 јули 1967) бил истакнат грчки сликар, роден во Александрија. Во неговата уметност, Партенис ја прекинал грчката академска традиција од 19 век и вовел модерни елементи заедно со традиционални теми, како на пример фигурата на Христ. Константинос Партенис е роден во мајка Италијанка и татко Грк […]

Rohe Alice

Алис Рох (1876-1957) „Слики од Македонија“ , фотографии, 1920, објавено во магазинот Травел ( Патување) Robert McBride & Company, 1920, vol. 35, no. 1, стр. 11

Алис Рох (15 јануари 1876 година – 7 април 1957 година) била американски автор и новинар. Станала писателка на весници во 1890-тите а потоа се се приклучила на Тета Сигма Фи, првото американско здружение за жени во новинарството. За време на Првата светска војна, Рох работи како прва жена шеф на канцеларијата во странство за […]