Gerlach Émile

Роден на 06-01-1875 во Нанси, починал на 14-12-1952 во Рао Летап (Лувињи). Студиран на Ликовната Школа во Нанси а подоцна на Школата за Ликовни Уметности во Париз каде што бил студент на Лук Оливиер Мерсон. По завршувањето на ликовните студии е регрутиран во Француската армија, и служи војска во Конго, честопати да биде праќан во […]
Fricero Joseph
Жозеф Фрицеро ( роден и починат во Ница 1807-1870) бил ученик на Пол Емил Барбери и Ингнес. Од 1825тата имал студиско патувања во Фиренца, Турција (Истамбул), Италија, Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Тунис, Алжир, Шпанија и Русија. На крај, се удомува во Ница каде што работи како учител по цртање на богатите и познати клиенти кои […]
Fremond Andre

Роден во 1884 во Ле Хавр, починал во 1965 во Монтрол. Изложувал во Париз во Салонот на Француски Артисти во 1928. Направил група цртежи во познатата воена Француска кнуга “’la Guerre Raconté par Nos Généraux“ од 1920 година, посветена на Големата Војна видена од Француски аспект. Андре Фремонт бил во Македонија помеѓу 1916 и 1917 […]
Fouqueray Charles

Роден на 23ти Април 1869 во Ле Ман (Сарте), починал во Париз во 1956. Доминик Шарл Фукре е значаен Француски поморски сликар со блиски професионални врски со Француската морнарица. Додека останатите Француски сликари потполно се втурнале во иновациите и раѓањето на импресионизмот, тој се посветува на строг реализам во романтичното претставување на Француската поморска историја. […]
Picard F.

Француски сликар од 19ти век. Неговиот акварел “ Поглед на Солунскиот залив, 1854„ е продаден од аукциската куќа Desamais од Авињон, Франција на 12.08.1991 (објект број 132).
Pigassou Joseph

Роден во Нарбона на 14.08.1878, починал во Мас-Грение во 1961. Аматер фотограф и сликар. Студирал литература и филозофија на Семинарот во Нарбона. Сакал да биде професионален сликар, но под притисок од фамилијата студира медицина во Тулуз. Почнува да фотографира и црта акварели најпрво во неговото патување во Тунис, а потоа и за време на Првата […]
Point Armant

Роден во Алжир на 23.10.1861 починал во Марлот, Франција во Март 1932. Арман Поинт бил многу познат Француски симболистички сликар и дизајнер. Ја започнал својата уметничка кариера цртајќи Алжирски сцени од детството, доловувајќи Ориентални композиции, како што се пазари и музичари, со препознатлива прецизност. Во 1888 оди за Париз да студира сликарство на Академијата на […]
Portier Marguerite

Родена и живеела во Лион, патувала интензивно низ Северна Африка, Шпанија, Италија, Балканот. Создала серија акварели на Охрид од 1930-тите години (ги насловува сите акварели со Охрид, Србија. Еден од овие акварели е во колекцијата на авторот на овој лексикон.
Lambert-Jean Rucki

Роден во Краков, Полска во 1888. Студирал на Ликовната Академија во Краков пред да се пресели во Париз во 1911тата. На почетокот од Првата Светска Војна се пријавува како странски доброволец во Француската армија и е пратен во 1914 најпрво на Дарданелите а потоа на Солунскиот фронт во Македонија, каде што работи на реставрација на […]
Ferrières Martin Jacques

Роден на 6ти Август 1893 во Сен-Пол, Франција. Првиот сликарски часови ги добива рано од неговиот татко Хенри Мартин (1860-1943), познат поинтилистички сликар. Исто така добива ликовно образование на Школата на Ликовни Уметности во Париз , под водство на Фредрик Кормон (1845-1924) но набрзо ја напушта академијата поради нејзините ограничувања и догми. Најчесто слика сцени […]