Darrieux Charles-René

Чарлс-Рене Дарио е сликар роден во јули 1879 година во Бордо и почина во мај 1958 година во Клиши-ла-Гарен. Bил ученик на познатите француски сликари Фернан Кормон, Марсел Башет и Франсоа Шомер. Добитник е на втората Голема награда на Рим (Grand Prix de Rome) во 1907 година. Редовно учествувал во Салонот на уметниците на Франција, […]
Préjelan René

Рене Ферет Прежелан, роден во Перпињан 1877 година, починал во 1968 година. Добро познат карикатурист и илустратор, творец на таканаречената „Мали жени од Париз (petite femme de Paris)“ што неодамна е повторно популарна поради зголоемениот интерест кон т.н. „пинап“ уметност со француски убави дами од 1920-тите години. Бил илустратор на весниците La Caricature, Fantasio, Le […]
Martel Charles

Роден во Аргентaн 1869 година, починал во Авињон 1922 година. За овој сликар малку се знае. Центарот Помпиду во Париз поседува колекција на акварели од Солун и Егејска Македонија направена во периодот 1916-1919 година. Некои од овие акварели се репродуцирани во француските списанија од Првата светска војна. Веројатно бил војник во Армијата на Ориентот на […]
Lemasson Albert

Алберт Лемасон е роден на 29 август 1892 година во Сент Марс-ду-Дезер во Лоара-Атлантик. Бил ослободен од воената служба во 1913 година, но потоа бил регрутиран во помошна служба од мај 1917 година до јули 1919 година. Овој период го поминал во Македонија, во Солун и Леринско каде што изработува голем број на цртежи и […]
Vidal André

Малку познат француски сликар. Бил професор по цртање во гимназијата во Бордо (Lycée de Bordeaux). Студирал на познатото Школо за ликовни уметности во Париз (l’école des Beaux-Arts de la rue Bonaparte à Paris) кај познатиот сликар Кормон. За време на неговиот престој во Париз, бил уличен цртач на портрети за да сѝ го плати своето […]
Peyrissac Jean

Роден во Кахорс на 29 септември 1895 година, починал на 18 јуни 1974 година во Париз. Француски сликар и скулптор Студирал прва медицина сè додека не започнала Големата војна во 1914 година. Прво бил испратен на францускиот фронт во Тулуз, а потоа во 1917 година со Армијата на ориентот кон Македонија во Солун и Монастир […]
Thil Jeanne

Родена на 18.12.1887 во Кале, живеела и работела во Париз. Била студент на Хумберт и Шарл Фукре, како и на Националната Школа за Ликовни Уметности во Париз. Изложувала во Салонот на Француски Артисти од 1911 година. Била под големо влијание на стилот на Шарл Фукре и сликала воглавно историски сцени. Од 1921 започнува со патување, […]
Touchet Jacques

Роден на 17.09.1887 во Париз, починал на 23.11.1949 во Париз. Бил студент на Пол Реноар и Луи Морин. Работел како илустратор на познатото списание L’Illustration. Неговите книги “Мали бизниси во Солун„ (со 12 литографии во боја) и “Скици од Воени Заробеници, Солун„ (со 24 колор цртежи) се објавени во 1918та година. Одтогаш, Туше илустрирал повеќе […]
Valentin Andrė Etienne

Роден во Париз на 20.01.1893, починал во Рен во 1940. Внук е на познатиот Француски скулптор Жан Мари Валентин (1823-1896) и син на професорот по цртање и вајарство Алфред Валентин (1862-1928). Етјен Валентин бил Француски војник и сликар. Регрутиран е во Француската армија во Ноември 1913, во 32риот Артилериски реџимент во Фонтаинблу. Со почеток на […]
Salvat Francois

Роден на 12.06.1892 во Амели-Беинс. Живеел и работел во Париз. Студент на Кормон. Во 1936 се сели во Грција. Подоцна во својата кариера бил признат илустратор на книги (ги илустрирал книгите на Балзак, Виктор Иго, итн.) и директор на издавачката куќа Éditions Grasset . Неговите слики се наоѓаат во Музејот на Модерна Уметност во Париз […]