Scott Georges

Премин преку реката Струмион на Кресненската Висина, 1913, масло на платно

Роден во Париз на 10.06.1873. Жорж Скот (Французин, и покрај тоа што името му звучи Англиско) бил син на гравер и илустратор. Бил студент на Ед. Детаил. Ја започнал својата кариера во 1890тите каде што работел како воен кореспондент за магазинот  L’Illustration за време на Балканските војни во 1912-13. Кога започнала Големата Војна во 1914, […]

Suisse Gaston

Кулата во Крани, Преспанско езером 1917м дрворез во боја

Роден на 01.12.1898 во Париз, починал на 07.03.1988 во Париз., Гастон Суис се смета, заедно со Пол Жув, за еден од најважни Француски сликари на природа и животни. Во 1913 дипломира на Школата за Декоративна Уметност во Париз. Стапува во контакт со сликарон на животни и природа Пол Жув и веднаш донесува одлука да се […]

Jouanneau dit Irriera Roger

Улица на љубовта„  во Солун 1916, цртеж

Француски ориенталист, сликар, илустратор и карикатурист. Роден во Бордо 1884, но се самодекларирал како Парижанец. Патувал низ Ориентот и служел во Француската армија во двете светски војни, за што добил низа воени одликувања. Создал повеќе од 300 уметнички дела кои ги илустрирале борбите на Француската армија. Неговите дела можат да се најдат во Францускиот Воен […]

Jouve Paul

Солун 1916, гваш

Роден во Бурон-Марлот 1880, починал во Париз во 1973. Неговиот татко, Аугуст Жове, бил исто сликар и близок пријател на Винсент ван Гог. Охрабрен од татко му, Пол Жове поминува доста време во детството и младоста цртајќи во Париската ботаничка градина и Природонаучниот Музеј. На 13 годишна возраст  се запишува во Школото за Декоративни Уметности […]

Marquet Albert

Роден на 27.03.1875 во Бордо, починал на 14.06.1947 во Париз. Алберт Маркет се смета за еден од најзначајните Француски сликари од правецот “Фаувизам„ (“Дивите„). Ја започнал уметничката кариера со работење и живеење со Хенри Матис а подоцна во 1892 работел заедно со Густав Моро на Париската Школа за Ликовни Уметности. Го привлекол вниманието на строгите […]

Miklos Gustave

Роден во Будимпешта во 1888, починал во Ојонакс 1967. Студиран на школото за декоративни уметности во Будимпешта. Во 1909 Миклош се сели во Париз. Добива Француско државјанство и се запознава со реномираниот Француско-Унгарски скулптор  Јозеф Чаки. Во Париз редовно ги посетува Париските изложби на кубистите. Дизајнирал накит од емајл сребро и станал познат Арт-Деко дизајнер. […]

Noll Alexandre

Изгрејсонце во Солун, 1917, масло на платно

Роден во Ремс на 18.05.1890, починал во Фонтано-о-Росе на 30.11.1970. Александар Нол е познат Француски скулптор, сликар и графички дизајнер. Воглавно е познат по неговите дизајни на намештај каде што користел различни видови на дрво. Неговите дела можат да се најдат во Музејот на Модерна Уметност во Париз. Александар Нол ја посетил Македонија за време […]

Goulden Jean

Куќа со чардаци во Македонија 1917, цртеж

Роден на 14ти Јуни 1878 во Шарпетри, починал во Рем на 14ти Ноември 1946. Жан Гулден бил доктор по медицина, сликар и дизајнер познат по неговите емајли/глазури. Најпрво бил венчан со Сибил Булок-Хал, а потоа во 1925 со Доли Шмет, ќерка на познатиот Франсоа-Луи Шмет (1873-1941) со кого ќе соработува во текот на целата негова […]

Godefroy Louis

Сцена пред кафаната со платани, Солун 1923, бакрорез

Француски бакрорезец, сликар и ликовен истражувач. Луи Годефроа најпрво студирал сликарство во Париз кај Каро-Делваил. Неговиот прв обид во бакрорезбарството е во 1905та година и првите графики ги изложува во 1906та. Скоро во текот на целата негова кариера, неговите гравури и бакрорези се печатени во Париз кај Марсел Гијот. Фодефроа бил патник, патувал  и изработувал […]

Gervese Henri

Солун 1916

Француски сликар, илустратор, патописец и поморски офицер, роден во 1880та во Весул, Франција, починал во 1959та во Буенос Аирес , Аргентина. Го користел псеудонимот Шарл Мило. Неговиот живот и дело е опишано во книгата “Жервес – Сликар и морнар„ од Жак Ширман. Го посетил Солун во 1916тата година како попатна станица кон Дарданелите и Блискиот […]