Martel Charles

Шарл Мартел (1869-1922) Острово крај Воден, 1919, акварел

Роден во Аргентaн 1869 година, починал во Авињон 1922 година. За овој сликар малку се знае. Центарот Помпиду во Париз поседува колекција на акварели од Солун и Егејска Македонија направена во периодот 1916-1919 година. Некои од овие акварели се репродуцирани во француските списанија од Првата светска војна. Веројатно бил војник во Армијата на Ориентот на […]

Miličević Kosta

Коста Миличевиќ (1877-1920) Кулата на крчмарката Јања со јаблани, Велес 1915, масло на платно

Коста Миличевиќ (Врака кај Скадар, 3 јуни 1877 година – Белград, 12 февруари 1920 година) бил српски сликар. Роден во свештено семејство, во селото Враки кај Скадар. По пристигнувањето во Белград, бил студент од прва генерација во уметничкото училиште „Цирил Кутљик“. Ја понел со себе од Скадар „Александрија“, еден од најстарите илустрирани српски ракописи, веројатно […]

Milivojević Milica

Пејсаж крај Охрид 1920, масло на платно

Милица Милиќ Миливојевиќ. Родена на 29.3.1889 година во Јагодина, Србија. Ќерка на генералот на српскиот, а подоцна и дивизискиот генерал на југословенската армија, Љубомир Милиќ (1861—1949). Откако завршила средно училиште во Белград, студирала сликарство на Уметнички академии во Минхен (1906 до 1911 година), а потоа, до 1914 година, во Париз. За време на Првата светска […]

Marquet Albert

Роден на 27.03.1875 во Бордо, починал на 14.06.1947 во Париз. Алберт Маркет се смета за еден од најзначајните Француски сликари од правецот “Фаувизам„ (“Дивите„). Ја започнал уметничката кариера со работење и живеење со Хенри Матис а подоцна во 1892 работел заедно со Густав Моро на Париската Школа за Ликовни Уметности. Го привлекол вниманието на строгите […]

Matthews Percy

Линија на фронтот во Солун 1916, акварел

Перси Метјус, студирал сликарство на Ликовното Училиште во Рамсгејт. За време на Првата Светска Војна служи војска на Западниот фронт како војник на Кентските „Змаеви“ и подоцна на Солунскиот фрoнт како поручник во реџиментот на Мидлсекс. На Солунскиот фронт изработува серија на високо-квалитетни цртежи, акварели и скици од цивилниот и војниот живот. Оваа ликовна колекцијае […]

Maud T. William

Илустрации од “L’Illustration” направени од оригинални дела на В.Т. Мауд(1865-1903), 15.03.1902

Англиски воен сликар и журналист. Заввршил на Кралската Ликовна Академија во Лондон и работел како сликар, илустратор и новинар за магазинот “The Graphic” од Лондон, а исто така и како воен кореспондент и илустратор од војните во Ерменија, Грција, Турција, Египет, Италија и Јужна Африка. Починал на 10ти Мај 1903 во Аден, тогаш Британска колонија, […]

Michailov Nikola

Скопје 1917, масло на платно

Роден  во Шумен  на 31.01.876, починал во Хамбург на 20.05.1960. Никола Михајлов е еден од најзначајните Бугарски сликари. Студирал на Минхенската Ликовна Академија помеѓу 1896-1899 во класата на професор Ото Сајц и потоа земај во Монхен приватни часови помеѓу 1900 и 1902 во студиото на Хајнрих Книр. Работел на кратко во Бугарија до 1911та, каде […]

Mihajlović Nikola

Роден  на 06.05.1885 во Нови Сад, починал во 1942 во полициска акција. Студент на Риста Вукановиќ во Белград и подоцна студент на Ликовното школо во Будимпешта и Ликовната Академија во Минхен помеѓу 1908-12. Бил учител по сликарство во Призрен и Скопје до 1932ра година. Бил официјален воен сликар на Српската Армија за време на војните […]

Miklos Gustave

Роден во Будимпешта во 1888, починал во Ојонакс 1967. Студиран на школото за декоративни уметности во Будимпешта. Во 1909 Миклош се сели во Париз. Добива Француско државјанство и се запознава со реномираниот Француско-Унгарски скулптор  Јозеф Чаки. Во Париз редовно ги посетува Париските изложби на кубистите. Дизајнирал накит од емајл сребро и станал познат Арт-Деко дизајнер. […]

Milenkov Alexander

Скопје 1940, акварел

Роден на 19.01.1882 во Самоков, починал на 03.01.1971 во Софија. Во 1901 го завршил генералниот курс на Ликовното Училиште во Софија, во класата на Петко Клисуров и Иван Ангелов. Во периодот 1901-6, специјализира ѕидно сликарство и театарска декорација во Минхен. Миленков е првиот Бугарски професионален театарски артист, и е автор на сценски дизајни на повеќе […]