Maleas Constantinos

Песаж во Северна Грција, најверојатно Халкедики 1914, масло на платно

Роден и пораснат во Константинопол. Студирал на Грчкиот Православен Колеџ Фанар. Заминува за Париз во 1901 да студира иницијално архитектура. Во Париз одлучува да студира уметност, се до 1908та, под водство на Хенри Мартин. Во 1913 се враќа во Грција, најпрво во Солун а потоа во Атина. Во 1917 станува член на авантгардната ликовна група […]

Maly Frantisek

Selo Nerezi kraj Skopje, ~1935, maslo na platno

Роден на 10.03.1900 во Литомиси, починал на 22.06.1980 во Брно. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Прага помеѓу 1917-1921, во класата на професор Бенеш Кисела. Бил познат Чехословачки професор по сликарство на Академијата во Братислава помеѓу 1934-1938манта година. Изложувал редовно  од 1921вата година па натаму, вклучувајќи и изложба во Париз во 1935тата година. После 1945тата […]

Marc Franc

Франс Марк е еден он најпопуларните Германски експресионисти. Роден е на 08.02.1880 во Минхен, починал на 04.03.1916 во Бракуис на Францускиот фронт. Студирал на Минхенската Ликовна Академија во 1900тата, одкако ги напуштил студиите по теологија и филозофија. Во 1903та патува за Париз неколку пати, каде што за прв пат стапува во допир со делата на […]

Makenzie Sebright Mary Georgina

Катедрала во Охрид 1867

Исто позната како леди Џорџина Мјур Макензи. Британски патописец и илустратор. Птувала низ Балканот заедно со Аделаид Паулина Ирби (1831-1911), секогаш придружена со Турска вооружена придружба. Нивната исцрпна посета на Македонија е опишана и илустрирана во нејзината книга “Турците, Грците и Словените, Патувања низ словенските провинции на Европска Турција (1867)„.. Автор е на многу политички […]

Markau Franz

Franz Markau (1881 –1961) Ушкуп (Скопје) Мала џамија 1919, маслена темпера на платно

Роден на 01.11.1881 во Берлин, починал на 25.01.1968 во Вејмар. Бил Германски сликар и скулптор. Студиите ги започнал во 1896тата на Ракотворното училиште во Берлин, а подоцна и на Државното Ликовно Училиште помеѓу 1901 и 1903, и на крај на Кралската Ликовна Академија во Берлин, во класата на професор Бруно Паул и Макс Кох. Неговите […]

Marjanović Rista

Српска коњичка единица влегува во Скопје, Октомври 1912

Роден во Шабац на 01.03.1885, починал во Белград на 07.04.1969. Бил првиот Српски фото-репортер. Неговите фотографии од  Блаканските војни и Првата Светска Војна имаат бесценета документарна вредност. За време на Балканската војна во 1912, работи како уредник на Американскиот весник  New York Herald  за Европа. Оди на фронтот како воен кореспондент на Српската команда. Неговите […]

Mantegazza Vico

Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903

Вико Мантегаза, (Милано, 22.1.1856 – Милано, 28.10.1934) бил италијански писател, новинар, фотограф и политичар. Тој се смета за специјален италијански пратеник на Балканот од 1886 година, каде направил бројни репортажи. Бил директор на „Нацијата“ од 1894 до 1898 година. Иако тој беше повеќе политичар и лобист одколку уметник, Мантегаза го заработува своето место во овој […]

Makedonski Vasil

Васил Македонски - 1900 - 1980 Битола

Бугарски сликар. Неговите слики се појавуваат во неколку уметнички галерии во Бугарија ( на пример интернет галеријата artprice.bg како и аукциската куќа Викторија во Софија). Ја посетил Македонија, поточно Битола во 1943тата година . Едно масло на панел насликано во текот на таа посета е во колекцијата на авторот на оваа книга.